Валентино (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Валентино“ (анг. Valentino) е биографска драма на режисерот Кен Расел (анг. Ken Russell), лабаво заснована на животот на Рудолф Валентино (анг. Rudolph Valentino). Филмот се базира на книгата „Валентино, интимно експозе на Шеикот“, напишана од Чо Манк (анг. Chaw Mank) и Бред Стајгер (анг. Brad Steiger).

Непосредно по објавувањето, филмот се соочувал со критички и комерцијален неуспех, веројатно поради уметничките (драматички) интервенции околу животот на Валентино. Кен Расел ја опишал одлуката да го сними филмот како најголема грешка во неговата кариера.

Заплет[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со секвенца од филмски журнал, која го покажува хаосот настанат од прераната смрт на филмската ѕвезда Рудолф Валентино (толкувана одд Рудолф Нурејев (анг. Rudolph Nureyev) на само 31 година. Илјадници обожаватели се собираат во погребалниот дом сè додека не се воспостави ред. Во тој момент на оплакување се појавуваат важните жени од животот на Валентино, кои се присеќаат на него преку навраќање во минатото.