Валдајски Иверски манастир

Координати: 57°59′19″N 33°18′15″E / 57.98861° СГШ; 33.30417° ИГД / 57.98861; 33.30417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Валдајски Иверски манастир
Информации
Целосно имеБогородичен Валдеј Иверски Светлоозерски манастир
Манастир на:Руска православна црква
Основан1653, 1668, 1991
Разрешен1666, 1927
ЕпархијаНовоградска и Сатрајска Руска епархија
Личности
Основач (и)Патријарх Никон
Место
МестоВајдалско Езеро, Новоградска област, Русија
Координати57°59′19″N 33°18′15″E / 57.98861° СГШ; 33.30417° ИГД / 57.98861; 33.30417
Отворен за јавностада

Валдајски Иверски манастир (руски: Валдайский Иверский монастырь) е машки манастир под јурисдикција на Руската православна црква на северозапад од европскиот дел на Руска Федерација. Сместен е на малиот остров на Валдајското Езеро, на подрачјето на Валдајскиот регион на Новгородскиот регион, на околу 10 километри источно од градот Валдај .

Манастирот е основан во 1653 на иницијатива на патријархот на московскиот Никон, а името го добил по манастирот Ивирон на Света Гора. Во текот на 17 век, манастирот Ивер бил еден од најважните верски и културни центри на тогашното Руско Царство. Манастирот се наоѓа на спискокот на културно наследство на Руската Федерација.

Историјат[уреди | уреди извор]

Надвратна црква на Свети Филип

Валдајско Иверскиот манастиир е основан на иницијатива на патријархот Никон Московски (1605–1681) кој сакал да изгради манастирски комплекс идентичен со манастирот на територијата под јурисдикција на Руска Православна црква, Ивирон на Света Гора. Тогашниот цар Алексеј I обезбедил средства за изградба на манастирот во есента во 1653 година и биле изградени првите две дрвени цркви и се формирало манастирско братство. Катедралата во манастирот била посветена на пиринската икона Богородица, додека помалата црква била посветена на Филип Московски. Првиот управител на манастирот бил архимандритот Дионисиј. Истата година започна изградбата на згради изработени од цврсти материјали, камен и тула. Во 1654 година со одлука на црковните власти, целата земја околу езерото Валдај била припоена кон манастирот, вклучувајќи ги и селата Валдај, Боровичи и Вижњи Волошок, што го направи манастирот Ивер еден од најголемите земјопоседници во тој дел од земјата. Следната година, во манастирот се приклучило цело братство на белорускиот манастир Кутејнски, околу 70 монаси, и со нивното пристигнување во манастирот, започнале да се развиваат активности за копирање и печатење. Благодарение на тоа, манастирот Ивер се сметал за еден од најважните културни центри на тогашната Русија во текот на целиот XVII век. Во исто време, производството на керамички плочки започна да се развива во рамките на манастирот, првиот ваков вид занает на територијата на Русија. Откако патријархот Никон беше соборен од престолот на РПЦ во 1666 години, сите манастири што ги основал автоматски биле затворени. Сепак, манастирот Ивер веќе ги обновил своите активности во 1668 година. Со почетокот на XVIII век, имаше постепено опаѓање на важноста на самиот манастир и во периодот помеѓу 1712 и 1730 година скоро сите манастирски поседи станале сопственост на Петербургшка Александро-Невска лавра. Дури и главното манастирско ѕвоно беше пренесено во северната престолнина.

Веднаш по Октомвриската револуција, сите верски објекти во земјата го изгубиле своето значење и земја, а исто така и манастирот Ивер во 1919 година бил претворен во земјоделска комуна. Комунистичките власти конечно го распуштија манастирот во 1927 година, и главната манастирска реликвија, копија на Иверската икона од Мајката Божја била изгубена засекогаш. Во текот на следните 6 децении, поранешниот манастирски имот служел за разни намени, како и историска архива, работилница, дом за стари лица и санаториум за деца со туберкулоза. Во 1970 година манастирот бил претворен во работничко одморалиште. Имотот на манастирот бел денационализиран во 1991 година и и бил вратен на Руската православна црква, односно на Новгородската епархија, и на крајот на 2007 година целата реставрација на комплексот била завршена. Копијата од ибериската икона од 1854 година била пренесена од капелата Петар и Павле во Валдај во манастирот.

Во текот на април во 2008 започна работата на позлатувањето на 5-те куполи на катедралата Ивер, а во јануари 2011 започнаа работите за реставрација на фрески.

Манастирски комплекс[уреди | уреди извор]

  • Соборен храм на Успение на пресвета Богородица (граден од 1653 до 1656);
  • Конак на Богојавленската црква (1657–58) со пекар и квасопогон (1668–69)
  • Надвратна црква на Архангел Михаил (1680-и, обновена на крај на XVIII век)
  • Надвратна црква на Свети Филип Московски (1874)
  • Болничка црква на Свети Јаков Боровички со санаторијум и конак (1702, обновена во текот на XIX век)
  • Звоник (1679–89)
  • Ќелии за монаси
  • Камен ѕид со кули од XVIII век;
  • Михајловска кула (1680-и)
  • Капеличка од 1870 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]