Валавица

Валавица[1][2] - направа или објект за валање и перење ткаеници.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Заради начинот на работа, валавиците кои се користат за валање јамболлии, килими, шајак, како и за перење на волнени и козинави ткаеници, се граделе покрај реките и потоците.[3]
Видови
[уреди | уреди извор]Постојат два вида валавици:
- водена валавица – вир (кош) за валање јамболлии и килими, и
- сува валавица за валање шајак.
Водената валавица била градена на отворено, а сувата валавица била сместена во објект сличен на воденица. [3]
Градба
[уреди | уреди извор]Кошовите може да бидат со различна големина, па во описот димензиите и составот на градбата се дадени како пример. Кошот претставува голем сад во облик на пресечен стожец составен од 22 букови штици долги 220 см, вкопани околу 180 см во земја. Ширината на штиците на долниот крај изнесува 5 см, а на горниот крај (над земја) – 10 см. Пречник на горниот кружен отвор од кошот изнесува 150 см, а на долниот кружен отвор – 50 см. Пред да се постават штиците во дупката, ѕидовите на ископаната конусна дупка се подѕидуваат со камења, при што на средина од ѕидовите се заѕидуваат повеќе багремови трупчиња во круг, на кои се заковуваат штиците од кошот. Горниот и долниот дел на штиците се опфатени со брезови обрачи. Долниот крај на штиците се поставува меѓу кружна камена плоча и долниот дел од ѕидот. Штом ќе се пушти вода од јазот – вадата во буковата коруба, која со долниот дел е поставена на горниот раб од штиците, бликот вода создава кружно движење на водата во кошот, при што ткаениците се вртат и се валаат. Водата излегува меѓу штиците во горниот дел. [3]
Културно добро
[уреди | уреди извор]Валавиците во Вирово и Дурачка Река се регистрирани културни добра, а споменичката целина Вир, Валавица и Воденица во Вевчани е регистрирана како значајно културно добро по надлежност на националните установи. [4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „валавица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „валавица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Неделковски, Боре. „СЕЛСКОСТОПАНСКИ ОБЈЕКТИ ВО ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ КРИВОПАЛАНЕЧКО“ (PDF). Посетено на 11 јуни 2025.
- ↑ „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културносто наследство. Посетено на 11 јуни 2025.