Валавец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Валавец
Eryngium campestre 310705b.jpg
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Валавци
Вид: Валавец
Биномен назив
Eryngium campestre
L.
Eryngium campestre

валавец (поточно, полски валавец; науч. Eryngium campestre) — вид од родот на валавците (Eryngium) кој се користи како лековито растение.[1] Растението трнливо повеќегодишна билка без влакна и припаѓа на семејството на штитоцветните растенија (Apiaceae). Листовите се крути и жилави, со белозеленикава боја. Листовите при основата се раздвоени, со долги дршки и имаат боцки. Во растението ровари галската мува Euleia heraclei.

Цветна сезона[уреди | уреди извор]

Растението цвета од јули до септември.

Рапространетост[уреди | уреди извор]

Покрај Република Македонија, валавецот е распространет главно во средна и јужна Европа и на север до Германија и Холандија. Ретко се среќава на Британските Острови.

Упореба[уреди | уреди извор]

Во треварството се користи за лекување на голема кашлица и инфекции во мочните патишта. Во минатото корењата се кандирале како слатки или се вареле и печеле како зеленчук. Активни состојки во растението се: етерични масла, сапонини и танини.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]