Вазна Франсоа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франсоа-вазна

Франсоа-вазна е најпозната вазна работена во црнофигурален стил во старогрчкото вазно сликарство. Таа претставува и прво класично дело работено со овој стил. Вазната е направена во втората четвртина од шестиот век п. н. е, а дело е на сликарот Клитија и лончарот Ерготим. На вазната се наоѓаат натписите „Ergotimos epoiesen; Cleitias egraphsen“, кои значат дека Ерготим ја направил, а Клитије ја насликал. Тоа укажува на фактот дека во тоа време се раздвоиле улогите на грнчари и сликари. На неа се прикаани митолошки сцени со преку 200 ликови.[1]

Франсоа вазната е работена во Атиката, а подоцна е однесена во Клузијум, еден од дванаесте градови на етрурскиот сојуз. Пронајдена е во етрурска гробница во 1844 година, а називот го добила по човекот којшто ја пронашол. Денас се чува во археолошкиот музеј во Фиренца.[1]

Претставе на фризовите[уреди | уреди извор]

Франсоа вазна всушност е монументален кратер чии површини богато се украсени. Шест фризови се наоѓаат на реципиентот, од кои едниот тече околу целиот сад. Овој централен фриз сенаоѓа под дршката, претставена е свадбата на Пелеј и Теида. Пелеј е во бела облека и стои пред куќата со дорски столбови дочекувајќи ги боговите. Прв го поздравува кентаурот Хирон. Потоа се претставени фигури – персонификации на благосостојба, Харикло, Хестија, Деметра и Дионис. На кола стигнуваат Зевс и Хера во придружба на Музите, потоа Посејдон и Амфитрита, Ареј и Афродита, Аполон и Артемида, Атина со една непозната божица, потоа пелејините родители Нереј и Дорида, Хермес со мајка му, Океан со Тетија и Хефест.[2]

Претставите на останатите 5 фризови исто така се митолошки, воглавно се врзани за Ахил, синот на Пелеј и Теида. Прикаани се и Тезеј и Мелеагар, а дршката на вазната ја украсуваат Горгони, Артемида и Ајант.[2]

На стопата се наоѓа сцена на борба на Пигмеј и ждраловите.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Срејовић, Д. 1997. Археолошки лексикон. Савремена администрација. Београд.
  2. 2,0 2,1 2,2 Цермановић Кузмановић А. 1991. Грчке сликане вазе, Научна књига, Београд

Надворешни врски[уреди | уреди извор]