Вагон-цистерна

Вагон-цистерна — вид железнички подвижен состав наменет за превоз на течности, вклучувајќи: нафта и нафтени деривати, метанол и етанол, хемиски активни и агресивни течни супстанции (киселини, раствори на алкалии, водороден пероксид и др.), течен гас (пропан-бутан, кислород), прехранбени производи (вода, малтодекстрин, вино, растителни масла) и др. Вагон-цистерните се користат и за превоз на ситнодисперзни прашкасти материи: брашно (вагон за брашно), цемент, талк и друго.[1]
Општи одлики
[уреди | уреди извор]Котелот на вагон-цистерната може да биде наменет за превоз на товар без прекумерен притисок (нафтени деривати, вода, хемиски супстанции, цемент) или под притисок (течни гасови).
За превоз на течни гасови што имаат точка на вриење пониска од нормалните услови (0 °C), се користат вагон-цистерни со криогени уреди. За да се заштити металот на котелот од корозија под влијание на материите што се превезуваат во него, се применуваат посебни внатрешни облоги или додатоци во товарот што дејствуваат како инхибитори на корозијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What Is a Rail Tank Car?“. Union Pacific (англиски). Посетено на 2025-07-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Вагон-цистерна“ на Ризницата ? |