Прејди на содржината

Вагон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патнички вагони споени во воз

Железнички вагон — несамоподвижно (како по правило) превозно средство наменето за движење по шини или други патишта (моношини, маглев-пруги итн.) и (како по правило) се користи со локомотива (исклучок се вагон-секциите на патнички електрични и дизел-возови и самоподвижните железнички вагони, вклучувајќи ги и електровагоните. Имено, дизел- и електровозовите немаат потреба од локомотиви. Самоподвижните железнички вагони се самостојни превозни средства). Прототип е мала количка, претставувајќи кутија што се движела по дрвени шини во рудниците.

Вагонот е единица на железничкиот возен парк (на пример, и најчесто, железничкиот). Вагонот е наменет за превоз на товар или патници и е опремен со сите потребни уреди за нивен превоз и за вклучување на вагонот во составот на возот. Со изградба на вагони се занимаваат вагоноградбени претпријатија.

Вагоните во Македонија

[уреди | уреди извор]

Железничкиот транспорт во Македонија има долга историја, започнувајќи со изградбата на првите пруги во доцниот XIX век, кога регионот бил дел од Отоманското Царство. Со текот на XX век, железничкиот возен парк, вклучувајќи ги и вагоните, бил дел од пошироките југословенски железнички системи, со набавки од различни европски производители и фабрики од поранешна Југославија.[1]

По стекнувањето на независноста, акционерското друштво за железнички превоз МЖ транспорт го наследило возниот парк. Тој вклучува различни типови товарни и патнички вагони што се користат за домашен и меѓународен превоз на товар и патници.[2] Во мигов, МЖ транспорт користи стандардни видови вагони како отворени, затворени, цистерни, платформски и изотермички вагони. Одржувањето и ремонтот на вагоните се врши во домашните работилници на МЖ, а дел од возниот парк е обновен преку набавки на нови или модернизирани вагони со цел да се подобри ефикасноста и да се задоволат современите стандарди за превоз. Во Македонија во мигов не постои фабрика за производство на вагони, па набавките се вршат од странство.

  1. ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ: МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ЕФИКАСЕН ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ
  2. „Муртезани: За Железницата има работа, со нови локомотиви ќе бидеме поконкурентни – Железници на Република Македонија транспорт А.Д. Скопје“. Архивирано од изворникот на 2024-06-16. Посетено на 2025-06-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]