Вага (река)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Вага | |
---|---|
![]() | |
Земја | Русија |
Слив | |
Главен извор | Вологодска област, Архангелска област |
Устие | Северна Двина |
Сливна повр. | 44.800 км² |
Физички особености | |
Должина | 575 км |
ДВР | 03020300212103000028162 |
„Вага“ на Ризницата |
Вага е река во Вологодската и Архангелската област во Русија[1].
Реката Вага е наголема лева притока на реката Северна Двина долга 575 км, со слив од 44.800 км². Просечниот годишен проток на вода изнесува 384 м3/с. За време на висок водостој пловна е до Вељска. Заледена е од почетокот на ноември до крајот на април. Позната е по сплаварството. Поголеми населени места на реката се Вељск и Шенкурск.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Вага — Голема советска енциклопедија (руски)
|