Ваан Тотовенц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ваан Ховханеси Тотовенц (ерменски: Վահան Թոթովենց; 1 септември, 1889 - 18 јули, 1938)[1]ерменски писател, поет и активист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тотовенц живееле во оваа куќа во Ереван, во 1934-1936 година.

Ваан Тотовенц е роден во градот Мезире, во провинција на Карберд (денешна Турција). Тој живеел во Ерменија и во Истанбул, а студирал на Висконсинскиот универзитет во САД, каде дипломирал во 1915 година. Во текот на Првата светска војна бил волонтер на Кавказискиот фронт и работел како секретар на Андраник Озанијан.

По 1922 година живеел во Ереван, Советска Ерменија. Во 1938 година, Тотовенц станал жртва на Сталинизмот.[2]

Дела[уреди | уреди извор]

Делата на Тотовенц биле објавувани од 1907 година. Тој е автор на Доктор Бурбониан (1918 год.), Баталјон на смртта (1923 год.), Њујорк (1927 год.), Баку (1930-34 год.), Џонатан, син на Еремија, романи, раскази и драми. Тој имал големо влијание на ерменската литература, посебно со неговите дела Живот на стариот римски пат, автобиографскиот роман Парче од небото[3] од 1930 година, кој бил адаптиран во филм од страна на Хенрик Малиан. Неговите дела се одраз на општеството, културата и обичаите не само на Ерменците од неговото детство, но, исто така, и на нивните соседи во периодот кога Отоманската Империја била пред пропаст.[4]

Неговите дела се преведени на руски, англиски, француски, бугарски и турски јазик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Vahan Totovents - Writers.am“. 
  2. „Сталинские списки“. stalin.memo.ru (Russian). 
  3. „The Official list of films by Armenfilm“. 
  4. „A World of Books 2002: International Multicuturalism“. www.loc.gov.