Википедија:Навигациони шаблони

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВП:НШ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кратенки:
ВП:НШ
Најважното од оваа страница: Навигационен шаблон е шаблон што групира повеќе статии од една тематика. Постојат два вида вакви шаблони: навигациони кутии (навкутии) и странични ленти.

Навигационен шаблон — збир врски што се користат во низа сродни статии за олеснување на преоѓањето од една на друга. Уредувањето на шаблонот се прави од едно место — шаблонската страница.

Постојат два основни вида навигациони шаблони: навигациони кутии (или навкутии) — предвидени да стојат на дното од статијата и странични ленти — наменети да стојат странично од текстот. Овие два вида се надополнуваат и може да се користат посебно или заедно, зависно од случајот.

Тие се создаваат со матичните шаблони {{навкутија}} или {{странична лента}}, што давааат доследен и еднообразен распоред. Друг начин на ставање на даден навигационене шаблон е со негово прекопирање од друг јазик (друго вики) и преведување на внесените поими (десно од параметарскиот знак „=“).

Навигационите кутии се заведуваат во Категорија:Навигациони кутии.

Types[уреди извор]

Двата главни вида на навигациони шаблони се навкутии и странични ленти. Имаат иста цел, но разлижна положба во статијата.

  • Навкутии или навигациони кутии се наменети за подножјето на страницата, под вообичаените прилози на статијата (најдолу) и имаат хоризонтален облик. Се создаваат со шаблонот {{навкутија}}. Еве еден пример за навкутија:



  • Странични ленти се наменети да седат странично, заедно со другите содржини, било каде на страницата (најчесто десно), исто како инфокутиите, но се вертикални по облик. Се создаваат со шаблонот {{странична лента}}. Десно е прикажан пример:

Двата вида навигациони кутии не се косат меѓу себе, туку можат да се надополнуваат или користат поединечно во разни ситуации. Главните разлики меѓу нив се следниве:

  • Навкутиите се хоризонтални и се пожелни кога во нив има многу врски во помал број на поткласи. Може да се користат повеќе навкутии неднаш во една статија, и во тој случај тие се склопуваат за да не зафаќаат место, а се отвораат со копче горе десен агол („сокриј“/„прикажи“).
  • Страничните ленти се исправени и стојат релативно истакнато во самата содржина на статијата заедно со текстот и тн. Наменети се за помал обем на релевантни врски, и затоа во нив не смее да има споредни информации. Само мал број статии имаат повеќе од една странична лента.

Поврзано[уреди извор]