Википедија:Виртуелен попис

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВП:ВП)
Виртуелен попис
Кратенки:
ВП:ВП

Виртуелен попис — истражувачки проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик. Проектот има за цел искористување на податоците од избирачките списоци на изборите во Македонија како виртуелен показател за движењето на населението по последниот успешно спроведен попис во земјата во 2002 година.

Позадина[уреди извор]

Согласно принципите и препораките за спроведување пописи на населението и домаќинствата пропишани од страна на Обединетите нации, попис на населението се препорачува да се изврши барем еднаш на секои 10 години.[1] По неуспешно спроведениот попис на населението во Македонија во 2011 година, најновите расположливи податоци за населението во земјата се од пописот во 2002 година. Со тоа, земјата отстапува од препораката на Обединетите нации, а податоците од последниот успешно спроведен попис не може да се сметаат за вистински одраз на реалната состојба. Оттука, се јавува потребата од наоѓање начини за обезбедување на понови податоци за населението во Македонија, кои би можеле да послужат како виртуелен показател за движењето на населението.

Од друга страна, честото одржување на избори и објавувањето на избирачки списоци со податоци за бројот на гласачи по општини претставуваат извор на веродостојни статистички податоци за бројот на лица со наполнети 18 години. По сомнежите за злупотреба на избирачките списоци и податоците за бројот на гласачи по изборни единици и општини во Македонија, во пресрет на парламентарните избори во 2016 година е ивршено пречистување на избирачкиот список, што дополнително ја зголемува употребната вредност на овие податоци. Транспарентноста во објавувањето на овие податоци од страна на Државната изборна комисија и други поврзани здруженија овозможува пристап до податоците, нивна обработка и анализа, како и искористување за демографски цели.

Цел на истражувањето[уреди извор]

Со оглед на ограничената употребна вредност на статистичките податоци обезбедени од избирачките списоци, главната цел на истражувањето не е спроведување на нов попис и обновување на податоците од последниот успешно спроведен попис во 2002 година, туку одредување на општата динамиката на движењето на населението по општини и населени места.

Недостатоци[уреди извор]

Главни недостатоци на истражувањето се следните:

  • ограничена споредливост на податоците:
    • разлика во методот на одредување (Податоците од избирачките списоци се однесуваат де јуре, додека пописите се спроведуваат според методот де факто.); и
    • разлика во старосните категории (Податоците од избирачките списоци се однесуваат за лица со наполнети 18 години, додека на спроведените пописи не постои соодветна старосна категорија чија долна граница започнува од 18 години.).
  • недостиг на податоци по атрибути:
    • недостиг на податоци по пол;
    • недостиг на податоци по возраст;
    • недостиг на податоци по етничка определба;
    • недостиг на податоци по религиозна определба; и
    • недсстиг на податоци по мајчин јазик.

Податоци[уреди извор]

Изборна единица 1[уреди извор]

Изборна единица 2[уреди извор]

Изборна единица 3[уреди извор]

Изборна единица 4[уреди извор]

Изборна единица 5[уреди извор]

Изборна единица 6[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]

Наводи[уреди извор]

  1. United Nations (2008). Principles and Recommendations for Population and Housing Censuses. Statistical Papers: Series M No. 67/Rev.2. p8. ISBN 978-92-1-161505-0.