Википедија:ВикиПроект Вести

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ВП:ВЕСТИ)

ВикиПроектот Вести е збир на страници за полесна координација на нејзините учесници околу пишувањето на статии за скорешни настани и новости, како и информирање на читателската публика за овие нови енциклопедиски статии преку нивно прикажување на главната страница. За таа цел википедијанците кои се организираат во овој проект имаат за цел да создадат навремени, точни и информативни статии врз основа на најновите настани.

Сепак, внимавајте: Википедија ја согледува историската важност на лица и на настани. Покривањето на вестите може да биде корисен материјал за енциклопедиски теми, но не сите настани се доволна гаранција за сопствена енциклопедиска статија. Рутинското покривање на вестите на работи какви што се спортски резултати, објавувања и таблоиден журнализам не се доволна основа за статија. Вклучувањето на информации за скорешни промени е понекогаш соодветно, но новообјавените вести не треба да бидат истакнати или третирани на различен начин од останатите информации. Википедија е енциклопедија, а не дневен весник!

Учесници[уреди извор]

Ако сакате да се приклучите на проектот, слободно додадете го вашето име на листата на учесници!

Исто така, учесниците и другите википедијанци кои сакаат да покажат поддршка за овој проект, можат слободно да ја додадат предлошката {{Корисник ВикиПроект Вести}} на нивните кориснички страници.

Цел и работа на проектот[уреди извор]

Работата на ВикиПроектот Вести се темели на препознавање на значајноста на определени нови настани и нивно покривање со соодветен енциклопедиски материјал за да се зголеми информираноста на читателската публика. Овие нови статии се привлечни на читателите заради нивната актуелност. Поради тоа тие се прикажуваат и на главната страница, со цел да се поттикнат читателите да се придружат кон нивното уредување и да останат поинформирани за актуелни настани. Сепак, Википедија не е весник и овој енциклопедиски материјал се третира со иста важност како и останатите информации.

За да се приклучите кон работата:

За какви било прашања поврзани со овој проект, обратете се на страницата за разговор. Ако имате какви било други прашања, поврзани или неповрзани со Википедија, консултирајте се со Википедија:Прашања.