Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Насловната страница на „Б. (или поезија на луѓето кои презираат поезија“

Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија) е збирка поезија од Дејан Велкоски.

Основни информации

Збирката е објавена во 2007 година во Скопје. Таа е дебитантска збирка поезија на авторот, објавена од ССФлФ - Скопје, откако истоимениот ракопис победи на анонимниот конкурс за необјавена поетска збирка, за 2007 година, по едногласната одлука на жирито во состав: Драги Михајловски и Ангелина Бановиќ - Марковска. Испечатена е во тираж од 350 примероци, а истиот е разделен прилично брзо, по што следеше и електронска објава на збирката, под лиценцата на Криејтив Комонс[1]. Од неодамна, истата е достапна и на Вики Книги[2].

Стилски одлики

Песните поместени во оваа збирка поезија претставуваат еден стилски колаж. Со оглед на фактот што истите се пишувани во временски период од 2 години, во неа може да се сретне сè од чисти лирски изблици, до саркастични забелешки за општеството, со постмодернистички примеси.

Песни

Збирката Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија) се состои од 30 песни:

  • 1 Прегратката
  • 2 Пионче
  • 3 Мудроста
  • 4 Клуч
  • 5 Софтверска песна
  • 6 Љубов?
  • 7 Разделбата
  • 8 Граматика
  • 9 ФилоЗофија
  • 10 Анахронизам со изминат рок на траење (или расипан анахронизам)
  • 11 Номенклатура на една проѕирно случајна мастурбација
  • 12 Пријатели
  • 13 Недоразбирања
  • 14 Линија
  • 15 ?!
  • 16 Гениј
  • 17 Ти
  • 18 Снежинка
  • 19 Цензура на автоцензурата
  • 20 Сонувачот
  • 21 Капката сончевина
  • 22 Нараторот
  • 23 -273,15
  • 24 Куса историја на универзумот
  • 25 СМС
  • 26 Casus Generalis
  • 27 (бесконечност)
  • 28 Витраж
  • 29 ДРАМА
  • 30 Системот....

Задна корица

На задната корица од книгата, стои една нетипична биографија на авторот. Истата е напишана со бели букви на црвена позадина, а потпишана од С.Ц., што е всушност еден од авторовите псевдоними. Оваа автобиографија напишана на полухумористичен начин, предизвика серија позитивни реакции од читателите. Интегралниот текст е:

Авторот на оваа збирка недефинирани текстови е роден одамна, некаде во минатиот век. Во годината кога се роди, Арсенал ја заврши сезоната на разочарувачкото четврто место, а откако и следната ја започна во лош ритам, менаџерот Тери Нил беше отпуштен. Него го замени Дон Хоу. Истата таа година, HIV вирусот беше откриен, а Лех Валенса ја доби Нобеловата награда за мир. Ако сè уште не сте погодиле, станува збор за 1983. По раѓањето, Дејан Велкоски беше цврсто решен да ја уништи поезијата - онаква каква што ја знаевме тогаш! За да го стори тоа, мораше да работи многу напорно, притоа преживувајќи ги: Чернобил, двете Заливски војни, основното и средното училиште, како и Катедрата за македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Патот беше макотрпен, ама откако го изоде, напати застанувајќи да го прослави 8 септември, а, понекогаш и својот роденден на 8 јули, смртно се вљуби во бројот 4! Зошто? Како што вели самиот - затоа што тоа е совршениот број! Покрај бескрајно многуте аргументи кои ја поддржуваат оваа теза, најважна е онаа дека сиот живот на планетава е заснован врз тој број, т.е. четиривалентноста на јаглеродот! Сосема случајно се погоди што токму во сезоната кога успеа да ја исполни антипоетската мисија, проф. д-р Арсен Венгер и Топчиите ќе ја испукаат четиринаесеттата титула во англискиот фудбал...

Белешки

Надворешни врски