Бљерим Сејдиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бљерим Сејдиу
Градоначалник на Општина Желино
На должноста
1 ноември 2017 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 4 септември 1985(1985-09-04)(38 г.)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Албанец
Партија Беса
Деца 2
Установа Универзитет на Југоисточна Европа
Професија правник, политичар

Бљерим Сејдиу (4 септември 1985 во Тетово) — македонски политичар и правник. Тој моментално е градоначалник на Општина Желино.

Животопис[уреди | уреди извор]

Образование и рана кариера[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното образование во основното училиште „Пашко Васа” во Групчин, го продолжил натамошното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Своето високо образование го стекнал на Правниот Факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа со седиште во Тетово. Посдипломските студии ги завршил во Универзитетот ФОН во Скопје, при што се стекнал со научната титула магистер во областа на правните науки. Блерим Сејдиу има работено неколку години како правник. Тој бил секретар на ФК Шкендија во најуспешниот период на клубот во 2008-2011. Во периодот од 2010 до 2016 година бил и шеф на правниот оддел во Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.[1]

Политички живот[уреди | уреди извор]

На локалните избори во октомври 2017 година, Сејдиу го добил градоначалничкиот мандат во Општина Желино.[1] Тој бил кандидат за градоначалник од редовите на Беса. На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Бљерим Сејдиу победил во вториот круг и станал старо нов градоначалник на Општина Желино.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Блерим Сејдиу е оженет и татко на две деца.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Градоначалник“. Општина Желино. Архивирано од изворникот на 10 април 2021. Посетено на 12 декември 2021.