Бјорн Борг (бренд)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логотип

Бјорн Борг е шведски моден бренд за облека именуван по поранешниот професионален тенисер со исто име. Компанијата порано била именувана Ворлд бренд менаџмент (World Brand Management, скратено WBM) и има продавници во седум европски земји, а најважни се Шведска и Холандија. Нови пазари се Германија и Обединетото Кралство.

Од 1997 година компанијата има ексклузивна лиценца за трговски марки за името Бјорн Борг, што им дава права да произведуваат и продаваат производи на Бјорн Борг во сите земји. Ги откупила целосните права на трговската марка на крајот на 2006 година. Главните производи се во категоријата долна облека, чевли, ташни, очила и парфеми.

Компанијата исто така создала игра во соработка со Исбит Гејмс наречена ,,Љубовник во прво лице" со цел да ја промовира нивната облека. Тоа е стрелец во прво лице во кое играчот може да се прилагоди во која било облека на Бјорн Борг. Содржината се центрира околу играчот кој ја отстранува омразата од различни области со оружје на љубовта додека ги лечи луѓето кои биле обземени од омраза, наречени хејтери. Играта е достапна за играње на компјутер.

Најголемиот[1] производ на Бјорн Борг е долната облека.

Еколошки рекорд[уреди | уреди извор]

На 13 август 2008 година, шведскиот весник Гетеборгс-Постен објавил дека открил високи нивоа на ксеноестроген нонилфенол етоксилат (НПЕ) во долната облека на Бјорн Борг.[2] Откриено било дека два пара црна долна облека Бјорн Борг, купени од две различни продавници, имале концентрации од 860 мг/кг, и 490 мг/кг, соодветно. Во тоа време, НПЕ веќе бил забранет за употреба во Европската Унија поради еколошки грижи, но бил дозволен увоз на производи кои користеле НПЕ за време на производството. Шведското здружение на увозници било против употребата на нонилфенол етоксилати и неодамна предложил ограничување од 250 мг/кг текстил, додека Шведската асоцијација за зачувување на природата Шведското општинско претпријатие за водоснабдување препорачува ограничување од 20-50 мг/кг.[2] Анакарин Модин, менаџер на производи во Бјорн Борг, бил цитиран укажувајќи на тоа дека компанијата ги почитувала прописите на увозниците на текстил и дека нивната сопствена анализа на случајно избраните серии долна облека покажала содржина на НПЕ од 120-200 мг/кг.[2]

Во јуни 2017, Бјорн Борг се обврзал да ги елиминира супстанциите што предизвикуваат многу голема загриженост според законодавството на ЕУ (хемикалии кои потенцијално би можеле да бидат штетни, но сè уште не е докажано дека се такви) од својот ланец на снабдување, со посебен фокус на фталатите, флуоројаглероди и етоксилати на алкилфенол вклучувајќи го нонилфенол етоксилат.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 2015-01-29.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ekstrand, Lena (13 August 2008). „Skyhöga halter av miljögift. Det blev resultatet när GP Konsument lät analysera Björn Borg-kalsonger. Giftet är förbjudet inom EU, men tillåtet i importerade textilier“. Göteborg Posten. Посетено на 25 June 2017.
  3. „Sustainability > Textile processing > Chemicals“. Björn Borg AG. Архивирано од изворникот на 2017-06-26. Посетено на 25 June 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]