Бјелско-Бјала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бјелско-Бјала
Bielsko-Biała
Bielsko-Biała, 11 Listopada 2.JPG
Улицата 11 Ноември во Бјелско-Бјала
Знаме на Бјелско-Бјала Bielsko-Biała
Знаме
Грб на Бјелско-Бјала Bielsko-Biała
Грб
Држава Полска
ВојводствоШлеско
Округградски округ
Управа
 • градоначалникЈарослав Климашевски
Површина
 • Градска124.51 км2 (48.07 ми2)
Најг. вис.&100000000000011170000001.117 м
Најм. вис.&10000000000000262000000262 м
Население (2018)
 • Градско171.505
 • Густина1,400/км2 (3,600/ми2)
 • Градскo325.000
 • Метро5.294.000
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски код43-300 до 43-382
Повик. бр.(+48) 033
Регистарски табличкиSB
Мреж. местоhttp://www.um.bielsko.pl

Бјелско-Бјала (полски: Bielsko-Biała, германски: Bielitz-Biala, чешки: Bílsko-Bělá) – град во Полска во Шлеското Војводство. Според пописот на населението во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[1] Градот се наоѓа во јужна Полска, на границата на историската Горна Шлеска и Малополска. Бјелско-Бјала се состои од два града на двата брега на реката Бјала. Градовите Бјелско и Бјала биле споени во 1951 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Стариот град Бјелско бил создаден меѓу 12 и 14 век. Овде се преработувала железна руда. Германските доселеници се доселиле во втората половина на 13 век на повик на локалниот војвода. Градот добил градски привилегии во 1312 година. Реката Бјала со векови била граница на Чешка Шлеска (дел Светото Римско Царство) и Полското Кралство. Бјелско ѝ припаѓало на Чешка, и по таа линија од 1526 година им припаднало на Хабзбурговците.

Малото место на другиот брег, Бјала, името го добило во 1584 година. Со време тука се доселуваат протестанти од Бјелско. Статус на град Бјала го добила во 1723 година. Од втората поделба на Полска во 1772 година Бјала ѝ припаѓа на Австрија, односно на крунската земја Галиција.

После Првата светска војна двата града ѝ биле доделени на Полска и покрај фактот што поголемиот дел од населението биле Германци. Во 1945 година градовите ги зазела Црвената армија и германското население било протерано.

Градот Бјелско-Бјала бил формиран на 1 јануари 1951 година. Бјелско-Бјала бил главен град на сопствено војводство во периодот 1975–1998.

Население[уреди | уреди извор]

Според прелиминарните податоци од пописот, во 2011 година во градот живееле 174.534 жители.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Денес Бјелско-Бјала е еден од најразвиените градови во Полска, со мала стапка на невработеност (5%). Градот е познат по текстилната индустрија, машиноградбата и автомобилската индустрија.

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]