Бјелашница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бјелашница
Bjelašnica2.jpg
Ски-центарот на Бјелашница
Највисока точка
Надм. вис.2067 м
Координати43°42′14″ СГШ; 18°15′25″ ИГД / 43.704° СГШ; 18.257° ИГД / 43.704; 18.257Координати: 43°42′14″ СГШ; 18°15′25″ ИГД / 43.704° СГШ; 18.257° ИГД / 43.704; 18.257
Географија
МестоБосна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Матичен венецДинарски Алпи

Бјелашницапланина во централна Босна и Херцеговина. Се наоѓа југоисточно од Сараево и се граничи со Игман. Највисокиот врв на Бјелашница, по кој целата планина го добила името, е висок 2067 м. Други значајни врвови се Крвавац (2061 м), Мали Влахиња (2055 м) и Хранисава (1964 м). Бјелашница на југ се граничи со Ракитница, Неретва на запад, Игман на североисток и Иван на северозапад. Близината со Сараево (20 минути) ја прави Бјелашница популарна туристичка атракција за планинарење и скијање.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на планината доаѓа од придавката bijel, што значи "бел".

Геологија[уреди | уреди извор]

Геолошки, Бјелашница е дел од Динарските Алпи и во голема мера е формирана од секундарни и терцијани седиментни карпи, главно варовник и доломит.

Клима[уреди | уреди извор]

Убавината на планината ја зголемува ќудливоста на нејзината клима. Таа е резултат на географската положба на Бјелашница во Динарските Планини, геолошкиот состав и надморската височина. Највисоките делови на Динарските Планини претставуваат граница на влијанијата на две клими – медитеранската и континенталната. Така на Бјелашница се судираат воздушните маси од морето и од планината. Таквиот судир резултира со силни ветрови и дождовни и снежни врнежи во есенскиот период, а во зимскиот до големи количини снег кој се задржува до доцна пролет. Овие климатски специфичност се погодни за развој на зимски спортови.

Средната годишна температура изнесува само 0,7 °C, заради изразито ниските зимски температури. највисоката температура достигнува 24 °C, а најниската -41 °C. Бјелашница во лето е прекриена со зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 м.

Климатски податоци за Бјелашница (1961–1990, екстреми 1897–досега)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 7,5 9,2 9,4 13,8 18,9 22,4 25,3 24,3 21,1 15,9 14,4 8,9 25,3
(nil)
Прос. висока °C (°F) -4,2 -4,3 -2,4 0,8 6,0 9,9 12,3 12,4 9,3 5,1 0,7 -2,6 3,6
Сред. дневна °C (°F) -6,4 -6,4 -4,3 -1,2 3,8 7,2 9,5 9,6 6,8 2,8 -1,5 -4,9 1,2
Прос. ниска °C (°F) -8,8 -8,7 -6,5 -3,1 1,4 4,7 6,7 7,1 4,5 0,6 -3,7 -7,2 -1,1
Најниска забележана °C (°F) -33,6 -30,0 -26,4 -19,0 -11,0 -6,4 -3,8 -3,7 -10,6 -13,7 -22,4 -26,8 -33,6
(nil)
Прос. врнежи мм (ин) 78
(3.07)
83
(3.27)
84
(3.31)
80
(3.15)
88
(3.46)
111
(4.37)
84
(3.31)
99
(3.9)
96
(3.78)
123
(4.84)
110
(4.33)
83
(3.27)
1.119
(44,06)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,1 mm) 14 15 15 16 16 17 13 12 12 12 15 15 171
Прос. релативна влажност (%) 89 92 90 91 85 86 82 80 82 84 86 90 84
Сред. бр. сончеви часови месечно 86,8 82,5 110,5 126,7 162,8 169,8 204,6 218,1 176,7 148,7 97,1 83,3
Извор бр. 1: de:Deutscher Wetterdienst[1][2]
Извор бр. 2: Метереолошки институт на Босна и Херцеговина (екстреми)[3]

Метеоролошка станица[уреди | уреди извор]

Бјелашница лесно се препознава од далеку по градбите на нејзиниот врв. Откако Австро-Унгарија ја окупирала Босна и Херцеговина после Берлинскиот конгрес во 1878 година, Австријците речиси веднаш ја инсталирале првата метеоролошка станица на врвот, создавајќи ја првата метеоролошка станица на целиот Балкан. Опремата била заменета во 1894 година со, за тоа време, многу напредна метеоролошка опсерваторија со постојана човечка посада.[4] Станицата сè уште постои и е важна алка во метеоролошките набљудувања на Балканот.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

До висина од 1900 м, на Бјелашница се наоѓаат шуми и ливади, а над таа висина подрачјето е тревнато со полегната смрека. Највисоките гребени се голи. На Бјелашница живеат волк, мечка, дива свиња, срна, лисица и др.

Зимски олимписки игри 1984[уреди | уреди извор]

За време на Зимските олимписки игри во 1984 година, на Бјелашница се одвиваа натпреварите во алпско скијање за мажи. За овозможување на овие игри изградена е потребната инфраструктура, од пристапен пат до ски-лифтови на ски-патеките. [5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Klimatafel von Bjelasnica (Berg-Obs.) / Bosnien und Herzegowina“ (PDF). Baseline climate means (1961-1990) from stations all over the world (German). Deutscher Wetterdienst. 
  2. „Station 14652 Bjelasnica“. Global station data 1961–1990—Sunshine Duration. Deutscher Wetterdienst. 
  3. „Bjelašnica: Record mensili dal 1897“ (Italian). Meteorological Institute of Bosnia and Herzegovina. 
  4. Miroslav Prstojevic: Forgotten Sarajevo, p.232,1999, ISBN 9958-9845-1-2
  5. 1984 Winter Olympics official report. pp. 18-23, 107.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]