Прејди на содржината

Бјалети

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бјалети е италијански бренд основан од Алфонсо Бјалети за кафемати, садови за готвење и мали кујнски апарати. Брендот е во сопственост на Бјалети индустрија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Алфонсо Бјалети најпрво ги стекнал своите вештини за обработка на метал работејќи една деценија во француската алуминиумска индустрија.[1] До 1919 година, тој формирал своја метална и машинска работилница во Крусинало (во неговиот роден Пиемонт) за производство на алуминиумски производи: ова била основата на компанијата Биалети.[1][2] Тој ја трансформирал својата работилница - Алфонсо Бјалети & Ц. Фондерија во Кончиглија - во студио за дизајн и продукција.[2] Во 1933 година, Бјалети го основал брендот и се фокусирал на производство на мока садови. Компанијата подоцна била управувана од неговиот син Ренато Бјалети.[3]

По период на криза во 1970-тите и 1980-тите, Бјалети се споил со Рондине Италија во 1993 година[4] и основал нова компанија наречена Бјалети Индустрија Сп. А., со седиште во Бреша.[5]

Франческо Ранцони е и претседател и извршен директор на компанијата.[6]

На крајот на 2015 година, билансот на успех на компанијата регистрирал вкупен приход од 172,4 милиони евра, 6,9% повеќе од 2014 година (161,2 милиони евра).[7]

Во 2010 година, една студија пресметала дека 90% од италијанските семејства поседуваат мока тенџере направено од Бјалети.[8]

  1. 1,0 1,1 Schnapp, Jeffrey T. "The Romance of Caffeine and Aluminum" Critical Inquiry, Vol. 28, No. 1, 2001. Retrieved on 2005-10-27. doi:10.1086/449039
  2. 2,0 2,1 "History: 1919 - The Origins of Bialetti". Bialetti Industrie S.p.A.. Retrieved on 2005-10-27
  3. Grimes, William (20 February 2016). „Renato Bialetti, the Mr. Coffee of Italy, Dies at 93“. The New York Times. Посетено на 16 February 2019.
  4. „Rondine si beve il caffè dell' 'omino' Bialetti“. Corriere della Sera (италијански). 31 July 1993.
  5. Mancini, Giovanna (18 January 2016). „Bialetti takes the road of foreign markets with Home&Coffee flagship stores“. italy24.ilsole24ore.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-13. Посетено на 28 September 2017.
  6. „Francesco-Ranzoni-Presidente.pdf“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-11-07. Посетено на 22 October 2016.
  7. „Relazione Finanziaria Annuale 2015“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-11-07. Посетено на 22 October 2016.
  8. „L'omino con i baffi della Bialetti va all'estero l'azienda chiude lo stabilimento di Omegna“. la Repubblica (италијански). 2010-04-07. Посетено на 2021-03-26.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]