Буххолц во Нордхајде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Буххолц во Нордхајде

Buchholz in der Nordheide

Градското собрание
Градското собрание
Грб на Буххолц во Нордхајде
Буххолц во Нордхајде is located in Германија
Буххолц во Нордхајде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Харбург
Градски единици 6
Градоначалник Јан-Хендрик Резе (ДХС)
Основни податоци
Површина 74,62 км2
Надм. височина 72 м
Население 39.729 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 532 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WL
Пошт. бр. 21244
Повик. бр. 04181, 04186, 04187
Портал www.buchholz.de
Местоположба на градот Буххолц во Нордхајде во рамките на округот Харбург
Карта
Координати 53°19′0″N 9°52′0″E / 53.31667° СГШ; 9.86667° ИГД / 53.31667; 9.86667Координати: 53°19′0″N 9°52′0″E / 53.31667° СГШ; 9.86667° ИГД / 53.31667; 9.86667

Буххолц во Нордхајде (германски: Buchholz in der Nordheide) — најголем град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Буххолц во Нордхајде се наоѓа на источниот раб од Шварце Берге. Највисока точка во градското подрачје е Брунсберг со 129,5 метри.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Буххолц се граничи на север со општината Розенгартен (и нејзините места Емзен, Нендорф и Екел), како и со местото Раде од општината Ној Вулмсторф, на исток со Јестебург и Ханштет, на југ со Ундело и Хандело, додека на запад со Тоштет, Какенсторф, Дрештет и Венцендорф.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот има вкупно 6 единици. Покрај самото градско јадро, градот има пет единици, кои поседуваат сопствен месен совет и месен претставник.

Градските единици (подредени по бројот на жители):

  • Буххолц (градското јадро)
    • Рајндорф
    • Вензен
    • Бинзен
  • Холм-Зепензен
    • Зепензен
    • Холм-Зепензен
    • Холм
  • Штајнбек
    • Штајнбек
    • Мајлзен
  • Шпреце
    • Шпреце
    • Брумхаген
  • Трелде
    • Трелде
    • Зирхоп
  • Диберзен
    • Диберзен
    • Дангерзен

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Буххолц е топла, со многу врнежи. Годишната просечна температура е 8,3 °C, додека паѓаат 745 mm врнежи просечно низ годината.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1958 година, Буххолц ги добил своите градски права.

Во 1992 година, Буххолц бил погоден од мало торнадо, кое уништило многу дрвја и оштетило бројни куќи. Во 2002 година, температурата во Буххолц се искачила над 38 степени, што било севременски рекорд во областа.

Припојувања[уреди | уреди извор]

На 1 јули 1972 година, општините Диберзен, Холм, Холм-Зепензен, Зепензен, Шпреце, Штајнбек и Трелде како и делови од распуштените општини Иценбител (Рајндорф) и Лилау (Холм-Зепензен) биле припоени кон градот во рамки на општинската реформа.[2] Бројот на жители во градот се зголемил за 50%.

Население[уреди | уреди извор]

(на 31 декември, освен ако не е поинаку наведено)

  • 1821: 00.178
  • 1871: 00.350
  • 1905: 01.220
  • 1925: 02.138
  • 1939: 03.110
  • 1945: 05.000 (приближен број)
  • 1946: 06.003
  • 1958: 07.523
  • 1961: 08.574 (13.599 со подоцнежните места, попис на 6 јуни)[2]
  • 1963: 10.364
  • 1968: 13.590
  • 1970: 13.726 (19.677 со подоцнежните места, попис на 27 мај)[2]
  • 1972: 15.273 (22.620 со подоцнежните места, попис на 30 јуни)

Градот Буххолц во Нордхајде по припојувањата

  • 1972: 22.620 (1 јули)
  • 1975: 26.393
  • 1998: 35.264
  • 1999: 35.603
  • 2000: 35.916
  • 2001: 36.109
  • 2002: 36.483
  • 2003: 36.943
  • 2004: 37.556
  • 2005: 37.987
  • 2006: 38.167
  • 2007: 38.162
  • 2010: 40.234
  • 2012: 40.790
  • 2014: 41.749
  • 2016: 41.077

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори биле добиени следниве резултати:

Партии и листи 2001 2006 2011 2016
Места % Места % Места % Места
CDU Демохристијански сојуз на Германија 14 45,3 17 32,0 12 32,0 12
SPD Социјалдемократска партија на Германија 13 22,3 8 26,0 10 20,1 8
GRÜNE Сојуз 90/Зелени 4 11,9 4 17,3 7 12,3 5
FDP Слободна демократска партија 5 10,0 4 7,7 3 12,2 5
LINKE Левица 2,3 1 2,3 1 3,0 1
AfD Алтернатива за Германија 9,1 2
Piraten Пиратска партија 2,4 1 0,8 0
RRP Партија на пензионери 1,2 0
BUB Листа BUB 1 2,0 1
IDA Листа IDA 1 1,6 1
UWG Независни 4,6 2 5,5 2
BuLi Листа Буххолц 5,7 2 9,9 4
Други Други 0,6 0
неодредени 1**
Вкупно 38 100 38 100 38 100 38
Излезност 52,4 % 55,5 % 58,5 %

Дополнително, самиот градоначалник е член на советот.

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Моментален градоначалник на Буххолц е Јан-Хендрих Резе (CDU).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Буххолц во Нордхајде е збратимен со следниве градови:

Познати личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. Mai 1970 bis 31. Dezember 1982. Stuttgart und Mainz: Statistisches Bundesamt. 1983. стр. 229. ISBN 3-17-003263-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]