Џума Маала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бутковска Џумаја)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џума Маала
Λιβαδιά
Џума Маала is located in Грција
Џума Маала
Џума Маала
Местоположба во областа
Џума Маала is located in Синтика (општина)
Џума Маала
Местоположба на Џума Маала во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°15.6′N 23°4.34′E / 41.2600° СГШ; 23.07233° ИГД / 41.2600; 23.07233Координати: 41°15.6′N 23°4.34′E / 41.2600° СГШ; 23.07233° ИГД / 41.2600; 23.07233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаБеласица
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно623
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Џума Маала или Џумаја Маала (Бутковска Џумаја или Ливадово; грчки: Λιβαδιά, Ливадија; до 1923 г. Τζουμά Μαχαλέ, Џума Махале[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 623 жители (2011). Сè до 1920-тите населението се состоело исклучиво од Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Серското Поле, 45 км северозападно од Сер, на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма. Кежи северно од Бутковското Езеро и западно од Валовишта.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од от турскиот поим џума (cuma), што значи „собор“ или „петок“ и се однесува на поранешната улога на местото како пазариште каде се собирале жителите од околните места.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Џума Маала е наведена двапати — еднаш како село во Серската каза Djoumaa-mahla со 82 домаќинства од 130 жители муслимани и 100 жители Македонци[5][6] а втопат како село во Демирхисарска каза (Djoumaali-mahlè) со 30 домаќинства од 70 жители муслимани[7] Очигледно е дека првиот податок е точниот.

Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:

Џума Маала, чифлик на серскиот чорбаџија Андонаки Париш, меѓу Бутково и Порој; рамно место. 60 турски и 40 македонски куќи.[5][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото Џума Маала броело 150 жители, сите Македонци христијани.[5][9] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. христијанското население на селото (Djoumata-Mahala) се остоело од 560 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија, што е сомнително висока бројка. Во селото работела бугарската пропаганда со 1 основно бугарско училиште од 1 учител и 21 ученици.[10]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во октомври 1912 г. Џума Маала била окупирана од бугарска војска. Следната 1913 г. селото е запалено од грчката војска.[11]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. имало население од 250 жители, кои во 1920 г. биле 270.[3] Под притисок на властите, 20-тина семејства заминале за Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во пописот од 1928 г. Џума Маала имала 731 жители од 191 семејство, од кои релиси сите (апсолутно мнозинство) биле грчки доселеници.[12] Во 1923 г. селото е преименувано во Ливадија. Месното и околното население почнало да го користи помакедончениот облик Ливадово.[4]

Во 1940 г. населението се зголемило на 1.037 жители. За време на Втората светска војна во 1941 г. селото е окупирано од Бугарија. Истата година се намалило на 758 жители, што се должи на преселувања за да се избегне бугарската власт.[3] По војните, во 1951 г. населението се зголемило на 1.261 жители поради повратокот на населението, како и доселување на други грчки дојденци кои дотогаш живееле во планинските села.[3] Во 1960-тите дошло до извесен пад на бројноста поради иселување, но потоа населението се одржало устојчиво. Ова траело сè до драстичниот пад во 2000-тите, кога населението опаднало од 1.094 во 2001 на само 623 во 2011 г.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1037 1261 1257 1050 1039 1102 1094 623
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото се смета за многу богато бидејќи има плодно земјиште кое целосно се наводнува, и чии климатски услови овозможуваат по две реколти годишно. Се произведуваат големи количства памук, пченка и други земјоделски производи. Доста развиено е и краварството.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Коста Димитров — револуционер, деец на ВМРО, починал по 1918 г.[13]
  • Лечо Петров — борец во Балкансктие војни од четата на Тошо Стојанов[14]
  • Стојан Вампиро (Стојан Велев Хаџиев; 1886 - ?) — разузнавач[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζουμά Μαχαλέ -- Λειβάδια
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 214. 
  4. 4,0 4,1 Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 112.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 136-137.
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 851.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_14.htm. 
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
  11. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 299.
  12. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  13. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 106.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.561.
  15. По трагите на Вампирот (архивирано) (бугарски)

Поврзано[уреди | уреди извор]