Буржеско Езеро
Буржеско Езеро Lac du Bourget | |
---|---|
Поглед од висините на Вивје-ди-Лак | |
Подрачје | Савоја, Франција |
Координати | 45°44′N 5°52′E / 45.733° СГШ; 5.867° ИГД |
Вид | ледничко |
Главни приливи | Лес, Тије, Сироз |
Главни истеци | Канал де Савиер, Рона |
Слив | 560 km2 (220 ми) км2 |
Сливни земји | Франција |
Најг. должина | 18 kм (11 ми) км |
Најг. ширина | 3.5 kм (2.2 ми) км |
Површина | 44,5 km2 (17,2 ми) км2 |
Прос. длабочина | 85 м (279 ст) м |
Најг. длабочина | 145 м (476 ст) м |
Зафатнина | 3,600×10 6 m3 (2,900,000 acre•ft) км3 |
Проточност | 8 години |
Надм. височина | 231.5 м (760 ст) м |
Населени места | Екс-ле-Бен Ле Бурже-ди-Лак Бризон-Сент-Иносан Conjux |
Неважечки статус | |
Службен назив: Лак ди Бурже - Маре де Шотањ | |
Прогласено: | 2 февруари 2003 |
Број | 1268[1] |
Буржеско Езеро (француски: Lac du Bourget )[2] — езеро во француската провинција Савоја и се наоѓа северно од планините Шартр. Езерото има вкупна површина од 44,5 km2, што го прави најголемото и, згора на тоа, најдлабокото природно езеро во земјата (освен францускиот дел на Женевското Езеро, кое има површина од 234 km2). Долго е 18 км, просечната ширина му е околу 3,5 км, а најголемата длабочина му е 145 м. Реката Лејс [3] е единствената река што се влева во езерото. Водата тече од езерото преку каналот Де Савиер [4] и се влева во реката Рона.
Најважниот град на неговите брегови е Екс-ле-Бен,[5] додека Шамбери,[6] кој е главен град на покраината, се наоѓа на околу 10 километри јужно.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Името на езерото се поврзува со името на градот Ле Бурже-ди-Лак[7][8] кој се наоѓа на јужниот брег. Името го добило како Lacus de Burgeto во 1313 година, а неговото име Ле Бурже доаѓа од истоимениот замок, кој од средината на 13 век до крајот на следниот век станал главна резиденција на савојските грофови.Во претходниот период, езерото се нарекувало Lac de Châtillon (Ripa laci de Castellione во 12 век), не по името на замокот туку по замокот како зграда (Castelione) и истоимениот имот.[9]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Езерото е посебно споменато во донацијата на савојскиот гроф Амеде III дадена во 1125 година за основање на цистерциската опатија Откомб.[10]
Се поврзува и со поетот Алфонс де Ламартин[11] кое го вдахновило да ја напише антологиската романтична песна Le lac (македонски: Езеро) од збирката Поетски медитации (Les Méditations poétiques, 1820 година).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lac du Bourget - Marais de Chautagne“. Информациски центар за рамсарски места. Посетено на 25 април 2018.
- ↑ „Lac du Bourget“ [Lac du Bourget]. proleksis.lzmk.hr/ (хрватски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Leysse“ [Leysse]. books.google.ba/ (англиски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Kanal Savieres“ [Kanal Savieres]. bateaucanal.com/ (хрватски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Aix-les-Bains“ [Aix-les-Bains]. britannica.com/ (англиски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Chambery“ [Chambery]. britannica.com/ (англиски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Le Bourget-du-Lac“ [Le Bourget-du-Lac]. lebourgetdulac.fr/ (англиски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Le Bourget-du-Lac“ [Le Bourget-du-Lac]. lebourgetdulac.fr/ (англиски). Посетено на 2020-06-12.[мртва врска]
- ↑ „Vlastelinstvo“ [Vlastelinstvo]. enciklopedija.hr/ (хрватски). Посетено на 2020-06-12.
- ↑ „Hautecombe opatija“ [Hautecombe opatija]. enciklopedija.hr/ (англиски). Архивирано од изворникот на 13. lipnja 2020. Посетено на 2020-06-12. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ „Alphonse de Lamartine“ [Alphonse de Lamartine]. enciklopedija.hr/ (хрватски). Посетено на 2020-06-12.