Бурдуш

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бурдуш“ — југословенски филм од 1970 година, во режија на Миодраг Миќа Поповиќ. Главните улоги ги играат: Јован Јаниќијевиќ Бурдуш, Милан Срдоч, Миодраг Андриќ, Драгомир Бојаниќ Гидра.РТС, Бурдуш (пристапено на 21.2.2022)

Синопсис[уреди | уреди извор]

Три сиромашни музичари, Бурдуш, Рајко и Цане, благодарение на учеството во една телевизиска серија, стануваат познати и богати. Меѓутоа, неочекуваниот успех и парите ги раздвојуваат тројцата пријатели. Басистот Бурдуш, осамен и изгубен, решава да тргне на пат во потрага по нови другари, но на станицата му се придружуваат старите пријатели. Бидејќи повторно се здружени, тие се веселат во возот на својот, цигански начин.

Наводи[уреди | уреди извор]