Бура во Галилејското Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Бура во Галилејското Mоре
Christus in de storm op het meer van Galilea“
Творец Рембрант ван Рејн
Година 1633
Вид масло на платно
Димензии 160 см × 128 см
Место загубена по грабежот на 18 март 1990 г.

Бура во Галилејското Mоре (холандски: Christus in de storm op het meer van Galilea) е слика на холандскиот уметник Рембрант ван Рејн. Тоа е единствениот морски пејсаж на Рембрант.[1]

Нацртана е во 1633 година и до 18 март 1990 година се наоѓала во музејот Изабела Стјуарт Гарднер во Бостон, Масачусетс, кога била украдена.

Сликата го претставува чудото на Исус, скротување на бурата во Галилејското море, како што е опишано во четвртата глава на Евангелието од Марко во Новиот завет. Се смета дека Рембрант се цртал себеси во сликата — на неа се прикажани Исус, 12-те негови ученици и уште еден морнар кој гледа кон гледачот. За тој приказ се вели дека е автопортрет на уметници.

Сликата е загубена после грабежот на 18 март 1990, кога, преоблечени како полицајци, крадци собираат 12 слики од истиот музеј. Празните рамки на сликите стојат на истите места и денес.


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]