Булкес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Булкес ― бегалски центар во Војводина.[1]

По договорот помеѓу КПЈ и КПГ во селото Булкес во мај 1945 година биле населени околу 6000 грци и македонци, претежно активисти на КПГ кои формирале таканаречена грчка заедница. Булкес претставувал извор за регрутирање борци и центар за згрижување на болни и ранети борци на ДАГ и слично.[1]

Според сеќавањата на Стојан Кочов, таму ги запознал одговорните, кои биле испратени од КПГ: Никола Стојановски, родум од село Герман, Преспанско, Никос Зафиридис и Георгиос Трендафилидис, Маџири од Костурско.[2] Булкес, често бил нарекуван мини-грчка држава во Југославија, па дури ја нарекувале и седма држава на Југославија. Користеле сопствена валута, валидна само во логорот, наречена Булкес динари.[3][4]

По барање на КПГ, жителите на Булкес во септември 1949 година се преселени во источно-европските земји.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 93. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Без вина виновни (PDF). Pollitecon. 2019. стр. 128. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Alexander Billinis (2013-03-15). „Bulkes: the Greek "republic" in Yugoslavia“. NEOS KOSMOS (англиски).
  4. „Petite histoire des Grecs dans la Tchécoslovaquie communiste - entretien avec Ilios Yannakakis“. Radio Prague International (француски). 2006-05-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]