Буковски манастир „Св. Преображение“
Поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Св. Преображение“ - Буково |
| Други имиња | Манастир „Св. Сотир“ - Буково |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 1837 |
| Посветен на | Преображение |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Цркви | „Св. Преображение“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | село Буково, Општина Битола, |
| Координати | 40°59′06″N 21°19′45″E / 40.98500°N 21.32917°E |
| Видливи остатоци | порта, црква, параклис, конаци, камбанарија, археолошко наоѓалиште и спомен-соба |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Буковска парохија) |
Буковски манастир „Св. Преображение“ (познат и како Свети Сотир) — манастирски комплекс сместен во атарот на битолското село Буково.[1]
Комплексот е сместен над самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа на околу 2 километри над селото Буково, на доминантна височинка опкружена со густа шума. До манастирот се доаѓа од насоката на селото Буково, но можно е да се пристигне и од селото Крстоар по тесниот асфалтен пат кој поминува покрај Крстоарскиот манастир,[2] од каде патот продолжува како макадам.
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил подигнат во 1837 година, а во 1845 година имало и двајца монаси.[3]
Манастирот бил едно од омилените места на дипломатскиот кор во конзулска Битола за време на Отоманското Царство. Тука често престојувал рускиот конзул Александар Ростковски, кој во 1903 година бил убиен од турски војник додека се враќал од манастирот во Битола.[3] За конзулот постои спомен-соба во манастирот.
За време на грчката верска и вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 година, Буковскиот манастир заедно со тогаш гркоманското село Буково бил главна база на андартите во Пелагонија.[4]
- Стара грчка фотографија за манастирот
- Црквата и конакот во 1950 г.
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Комплексот се состои од манастирската порта, црква „Св. Преображение“, конаците на два ката, со кујната и трпезаријата, камбанарија, археолошко наоѓалиште, спомен-соба и уште неколку други помошни објекти.[2]
Манастирот денес не е активен, но историските сведоштва кажуваат за повеќевековно опстојување како еден од поголемите монашки и духовни центри во Битолско. Како резултат на залагањето од страна на верниците и црковните претставници, во последните години привршена е реконструкцијата на конаците. Со тоа се создадени услови за повеќедневен престој во овој прекрасен амбиент.[2]
Црква
[уреди | уреди извор]Манастирската црква била подигната во 1837 година.
Параклис „Св. Недела“
[уреди | уреди извор]Параклисот Света Недела се наоѓа пред самиот манастир и е понова градба.
Конаци
[уреди | уреди извор]Во комплексот има конаци кои се реноварини во поново време и служат за посетители.
Археолошко наоѓалиште
[уреди | уреди извор]Во дворното место на манастирот постои археолошко наоѓалиште од типот на базилика од старохристијанско време. Тука биле откриени повеќе мермерни споменици, и тоа: фрагмент од стебло на столб, прозорско мено вградено во конакот, мермерна база и помало мермерно столпче. Веројатно на оваа локација се наоѓала старохристијанска базилика.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Спомен-соба во манастирот на рускиот конзул Александар Ростковски
- Манастирската црква
- Натписна плоча
- Детали на влезната порта
- Манастирскиот двор
- Натпис на чешмата
- Чешмата
- Конакот
- Натпис на влезната порта
- Влезната порта
- Поглед на манастирот
- Помошен објект
- Параклисот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 41. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2025-10-03.
- 1 2 Admin (2018-02-27). „Буковски Манастир – Св. Преображение Христово | Битола инфо“. Посетено на 2025-10-03.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 212.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Буковски манастир „Св. Преображение“ на Ризницата ?