Буково (Пиринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буково
Поглед кон селото
Поглед кон селото
Буково is located in Бугарија
Буково
Буково
Местоположба во областа
Буково во рамките на Пиринска Македонија
Буково
Местоположба на Буково во Општина Неврокоп и Благоевградската област
Координати: 41°43′N 23°43′E / 41.717° СГШ; 23.717° ИГД / 41.717; 23.717Координати: 41°43′N 23°43′E / 41.717° СГШ; 23.717° ИГД / 41.717; 23.717
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаНеврокоп
Површина
 • Вкупна16,593 км2 (6,407 ми2)
Надм. вис.&100000000000010210000001.021 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно917
 • Густина55/км2 (140/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2915
Повик. бр.0746


Буково — село во Општина Неврокоп, Пиринска Македонија, во југоисточниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Буково е планинско село, оддалечено 21 километар северно од Неврокоп и 33 километри југоисточно од Банско. Во близина на селото поминува течението на реката Места.

Историја[уреди | уреди извор]

Покрај селото се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Момина Кула.

Во XIX век, Буково е муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство.

В 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:

Буково, три часа оддалечено од Неврокоп, 1/2 час од Места. Дрводелци; прават катран, продаваат борина; 40 куќи, Помаци.[2]


Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во Буково имало машко население од 170 души, кои живеат во 50 куќи.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 255 жители, сите Македонци-муслимани во 40 куќи.[4][5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година во селото имало 917 жители.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во Буково:[7]

народ жители %
Бугари[4] 81 9,24%
Турци 788 89,85%
Роми 0 0%
други 0 0%
не се определиле 7 0,8%
Вкупно 877 100

На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години за периодот 1934-2011:[6]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
жители 285 339 448 530 645 734 837 878 917

Религија[уреди | уреди извор]

Жителите на селото се Помаци - со муслиманска вероисповед. Во селото има две џамии, а поновата џамија го има највисокото минаре во Бугарија.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 11.
  3. Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 112. ISBN 954-9308-51-0
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил (1970) [1894 – 1896]. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“. Избрани произведения. Том I. София: Наука и изкуство. стр. 273.
  6. 6,0 6,1 „Справка за населението на с. Буково, общ. Гоце Делчев, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-15. Посетено на 2018-02-04.
  7. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.