Буковица (река)

Буковица е најдолгата река во општина Шавник, Црна Гора. Извира под планината Ранисава, поминува низ градот Шавник и се влева во Комарница кај селото Дужи. Долга е 42 километри. Нејзини главни притоки се Шавник и Бијела.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Jezera i rijeke, Montenegro Travel