Будење на стаорците (филм)
„Будење на стаорците“ (српски: Буђење пацова) — српски и југословенски филм од 1967 година во режија на Живоин Павловиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Слободан Перовиќ, Душица Жегарац, Северин Бијелиќ, Мирјана Блашковиќ, Павле Вуисиќ итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Филм го прикажува неуспешниот обид на еден осамен човек да го промени својот бесмислен живот. Во потрага по работа и пари, тој се вљубува во една непозната девојка и верува дека тоа претставува пресврт во неговиот живот. Но, во мигот кога неговата илузија за среќата го достигнува врвот, девојката му ги зема парите (кои тој ги добил од еден свој познаник) и скришно си заминува, оставајќи го разочаран и измамен. Така, тој повторно се наоѓа во истата состојба како пред првата средба со неа.