Бугарски ставови во однос на потеклото на Македонците

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Западниот и централен дел на денешниот регион Македонијa во Класичната Антика.
Источниот дел на денешниот регион Македонијa во Класичната Антика.

Официјалниот македонски став за етногенетскиот карактер на македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се се населуваат во Македонија во 7 век, со локалното население.

Ставови за врските на македонскиот народ со Античките Македонци[уреди | уреди извор]

Постојат различни ставови за врските на македонскиот народ со Античките Македонци.

Популистички ставови[уреди | уреди извор]

Некои квазинаучни ставови се за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци.[1] Се тврди дека македонскиот генетички код е единствен и впишан кај народот кој себеси се идентификува како таков. Гвори се исто дека тој е непроменлив и вековит.[2]

Научни ставови[уреди | уреди извор]

Во таа врска мора да се истакне дека српскиот академик Фанула Папазоглу (родум од Битола) смета дека реката Вардар е допирна точка на три големи етногрупации: на запад Илири, на исток Тракијци и на југ Хелени. Таа смета дека Антички Македонци се периферен хеленски народ, измешан со Траки и Илири, кој во 5 век пр.н.е. целосно се хеленизира.[3] Од друга страна Античка Македонија пред Класичната Антика го опфаќала мал дел од Егејот.[4] Одделно, по голем дел од централна и западна Егејска Македонијa, пред македонската инвазијa бил зеселени со тракијиски племиња, кои потпаѓат подоцна под Македонците.[5] Во западниот дел од Егејска Македонијa заедно со Македонците се живели и молоски грчки племиња.[6] Во 5 век п.н.е. на Халкидики и по крајбрежјето на Егејско море се создале голем број грчки колонии.

По македонската инвазијa во 5 век пр.н.е. Македонија го опфаќала Егејското крајбрежје на југ од линијата ОхридПелагонија - Гевгелија.[7] Северно од таа линија, на територијата на западниот дел од она што е денес Република Македонија се живели Илири,[8] а во централниот, источниот и северниот дел до Струма се простирало кралството на Пајонците.[9] На исток од Струма во денешна Пиринска Македонијa и источниот дел на Егејска било кралството на Тракијците.[10] Пајонија потпаѓа под вазалство на Македонците, но дури за време на походите на Александар Македонски, тој не стапнува во Скопската котлина.[11] Таму живееле Дарданците, племе со илирско потекло. Тие често претставувале закана за кралството Македон. Пајонија за неколку векови вазалство, прво под Македонците, а потоа и под Римјаните, целосно исчезнува, а Скопје единствено почнува да се развива за време на римското владеење. Присуството подоцна на римските војски, но и на Готите, Хуните, Аварите и Словените носи промени во етничкиот состав на автохтоното население.[12] Кај регионот поминали и делумно се поселили исто така Прабугари, Кумани, Вардариоти (Турки) и др. народи.[13][14][15]

Генетските истражувања на македонската популација и резултатите добиени од споредбата со соседните популации докажуваат дека не постои "македонски" ген, а голема разноликост во македонските гени (како што е случај и кај останатите балкански народи). Генетски Македонците се најблизко до нивните Балкански соседи, кое укажува на висок степен на мешање на Македонскиот народ со околните народи.[16][17][18]

Заклучок[уреди | уреди извор]

Од ваквото претставување на историјата, може да се согледаат некои од главните недостатоци на полагањето на историски права кон Античка Македонија и овој балкански проблем може да се смета за обид за оттргнување на вниманието од вистинските секојдневни проблеми на луѓето во регионот што е резултат на недостигот на креативност на политичките елити за нивно решавање. Според некои освен дискутабилниот континуитет и територијалниот аспект.

Тема поврзана со античките Македонци која се исто така е дискутабилни се нивните хеленистичките културни афилијации,[19] посебно ако се има предвид дека Александар Македонски во Египет бил претставуван како египетски фараон. Стремежот да се создаде нов идентитет, како наследство од древната антика, предизвикува криза на идентитетот во земјата и ги зголемува тензиите со соседите.[20] Идејата за континуитет помеѓу Античка и современа Македонија е митологизација[21][22]

А Мирко Спироски, професор по генетика вели:

Веднаш да кажам дека имуногенетските испитувања било каде во Светот, па и кај нас се показател на антрополошките карактеристики, но никако и национално обележје. Не може да прифатам дека најчестата појава на еден ген во едно подрачје значи национално обележје... Таквите заклучоци, благо кажано, се политички толкувања на генетските податоци и им нанесуваат ненадоместлива штета на научните и медицинските истражувања кај нас и во Светот... Нашите испитувања покажаа голема шареноликост во нашите гените што укажува на висок степен на мешање на нашиот народ со околните народи... Нашите испитувања не покажуваат дека постои "македонски" ген. .[23]


Професорот по политологијa Денко Малески, вели:

Ние бевме жртва на грчкиот национализам. Ако во изучувањето на историјата порано имавме нерамнотежа, сега правиме комплетна нерамнотежа. Нашиот базичен идентитет е словенски, таков ни е јазикот и културата. Ако ја загубиме таа основа, тонеме длабоко. Не ми е јасно од што се срамиме. Сега кога ја напуштаме сето тоа ќе треба да го објаснуваме и околу нацијата и околу јазикот.[24]


Идентитет кај Македонците[уреди | уреди извор]

Во минатото, Македонците не биле обединети и сплотени како што се денес, а заради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци, Бугари и Срби.[25] Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[26].

Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-Милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дава на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станува официјална институција во отоманска Турција, и започнува да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров.[27] Како резултат, народите почнали постепено да јa губаат својата етничка припадност. По Големата француска револуција во 19. век започнал пораст на национализмот во Османлиската империја и почнало распаѓање на Рум Милетот. Имено, овој милетски систем доведува до тоа Македонецот да се определува според црквата под чијашто ингеренција се наоѓал. До создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонските Словени биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочили. Власите последни во 1905 година побарали милет од султанот и го получили. Постепено, милетскиот систем се распаднал целосно во почетокот на 20-от век заедно со Османлиската империја.

Во истражувањата на некои светски историчари постои тезата за релативно доцно создавање на македонскиот народ дури во 20 век. Ова се случило на основата на процесот на деконструкциjа на постариот Бугарски милет и конструирање на нов, етничкомакедонски идентитет, во условите на власта на Југославија (1918-1991) и претежно по креирањето на jугословенската федерална Народна Република Македонија.[28][29] Тврди се дека изложен на асимилација, но сфатил својата специфичност, дел од интелигенцијата на новите "јужни Срби", jа отфрлил новата српската врска, но и бугарофилството на своите родители. Овие ставови нашли истомисленици и меѓу левата македонска интелигенција во Бугарија и така во 1934 година по нејзина иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање. Со неа за прв пат во историјата авторитетна меѓународна организација го признала постоењето на посебен македонски народ и македонски јазик. По Втората светска војна и создавањето на Народна Република Македонија и со кодифициране на македонскиот јазик, се формирала конечно и македонската нација. Подоцна се создала и самостојна Македонска црква. Оваа теза најчесто е застпувана од негаторите на македонската национална посебност најповеќе во Бугарија и Грција (каде што оваа теза е речиси државна и официјална) и меѓу крајните национал-шовинистички кругови во Србија и Албанија. Ваквата теза за неодамнешното создавање на македонскиот народ во 20 век има свои поддржувачи во политичкиот живот во Македонија, меѓу кои најгласен е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Треба да се истакне дека бугарските погледи се спротивни од историската вистина, има повеќе документи и извори кои ги побиваат таквите тврдења еве неколку од нив:

Наспроти македонската интелигенција која го прифатила бугарското име и идејата за заедништво меѓу бугарскиот и македонскиот народ, се појавило и едно движење кое во себе носело македонско национално обележје. Овие дејци имале веќе разбудено чуство за посебноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската национална индивидуаланост под свое именско обележје [30].

Најголемиот број на податоци за овие дејци се наоѓат во тогашниот периодичен бугарски и друг печат. Кај нив бил јасно дефиниран и деклариран македонскиот национален карактер и јазик преку барањето:

македонската младина да се ограничи да се учи и да се развива исклучиво на македонско наречје... друго било Бугарин и бугарки јазик, а друго Македонец и макеоднски јазик... (Македонците б.н) можат да бидат секакви, но не и Бугари [31]


Во однос на овие барања, Петко Рачев Славејков во статијата Македонското прашање истакнува:

Македонското прашање најпосле излезе на јаве и се појави во печатот. Велиме најпосле зашто ова прашање не е нова работа. Сме чуле за него уште од пред десетина години од некои од Македонија... Ако беше само во областа на учебниците, никогаш немаше ни да проговориме за тоа прашање, зашто не гледаме штета во желбата на некои луѓе да ги учат децата на нивното татковско наречје... Целата вина тука е што не се избира еден пат што ќе доведе не до разделување, туку до соединување и усогласување на наречјата. Колку и да е погрешно да се учат Македончињата на наречјето на горните бугари, исто толку е погрешно и да се раздроби јазикот во училиштата на различни наречја и секој да си го следи само своето наречје, без и најмалку да обрнува внимание на другите... Разлики во наречјата има меѓу сите европски народи, дури и поголеми отколку кај нас, но ниту еден од овие народи не ни помислил да го раздроби литературниот јазик на мноштво наречја и литератури... Но кога во желбата за поделба има и други намери, намери за разделување на нашиот се’ уште неустроен народ, тогаш секој има должност да се противи на такво зло. Јасно е дека некои од нашите Македонски браќа имаат токму таква намера, и таа намера ја кријат под превезот на јазикот и неговите наречја; ете затоа си земаме за слобода да кажеме нешто за Македонското прашање... За да им придадат тежина на нивните произволни аргументи, Македонистите ги посочуваат разликите меѓу македонските и горно-бугарските наречја, од кои првото било поблиско до словенскиот јазик, а второто било помешани со татаризми [32]


Тајната Македоно - Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.[33]


Член 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.[34]


ние немаме училишен одел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишнотро дело во Македонија, (а имаме б.н) просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача... задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата - да создаваат во Македонија Бугари![35]


граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај (Михаил б.н) Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме[36]


напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините... (бидејќи тие се б.н) единствен наш парламент, каде се закрепнувал и зачувал стариот демократски словенски дух на нашиот народ... единствена народна институција, која ја зачувале нашата националност и човечка физиономија во петстогодишниот период[37]


Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат... Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А, нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното... Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријашијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед [38]


... откако се роди бугарското црковно прашање, со него се фрли семето на раздор меѓу христијаните - раја, кое и донесе големи несреќи на нашата татковина, а според интригите на туѓите пропаганди, бевме на најлоша среќа да ја примиме бугарската народност , којшто за нас Македонците е сосема туѓа[39]


Младата дружина под превезот на книжевноста не ја гони целта и пропагандата за некаков фонетски правопис, туку тенденции и цели колку куриозни, жални, толку збунувачки, срамни и опасни... (ММКД б.н) Полека лека ќе го подготвува бугарското општествено мнение за оделување на Македонија од Бугарија и полека лека ќе воведува зборови од охридското подрачје што ќе биде литературен јазик на идната Голема Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на Лоза во својство на Филип или Александар!?!... Како што гледате Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, дека последната е населена со оделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи, т.е. Бугари, Грци, Срби... дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојничи посегања и дека Лоза ќе и служи на истата цел!! Како ви се бедисува[40]


Ние можеме да го велиме како што сакаме, но во дејствителност тоа беше само частично. Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат Бугари, па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една Бугарска Македонија. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска? Ќе се постарам да покажам појасно како реформите можат да ја побугарат Македонија. Се прашува: кој јазик ќе биде официјален? Одговараат: јазикот на мнозинството. - На кое мнозинство? - Тогаш ќе се види [41]


И најпосле, мнозина ќе забележат оти најголемата наша несреќа се крие во тоа што кај нас нема местен македонски патриотизам. Да беше кај нас тој, ние кај и да сме ќе мислевме и ќе работевме само за Македонија. А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија [41]


дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект[42]


Во согласност со Уставот , Даме се залагал за вклучување во редовите на Организацијата на целокупното македонско население без ралика на неговата вера, народност и убедување. Со посредство на Даме, во Организацијата бил вклучен Евреинот, Рафаел Камхи. На една од таквите агитации на Даме, некој Влав запрашал: Арно, господине Груев, да се запишеме во Комитетот, ама дали ќе сакате да се запишеме и како Бугари (егзархисти б.н)? На прашањето, Даме одговорил:

... ние не се интересираме кој каков е, ние сакаме да се работи за ослободувањето на Македонија. Кога таа ќе се ослободи делете се како сакате. Дотогаш сите имаме една вера, една идеја, една народност - а тоа е да бидеме борци за Македонија [43].


Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерствонтолку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети? Не фалеа жошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македоските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанат... го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија

—Борис Сарафов, Интервју со Амфитеатров во 1901 година [44]

Eден дел од дејците на Македонскиот комитет се залагале за самостојна македонска држава се гледа од извештајот на Кузман Дамјанович од 4.03.1899 година во кој тој ја забележал дискусијата на македонските дејци, а меѓу нив се нашле Коста Шахов, Андреј Љапчев и други. Меѓу нив се разврзала дискусија во која било истакнато:

Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава [45]


Српскиот дипломатски преставник во Софија, кон крајот на март 1902 година истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање. Според него:

Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност [46]


Меѓутоа истиот тој српски преставник истакнал дека:

Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде пос сизеренство на Султанот. И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата - Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н). Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов [46]


Во 1924 година Павел Шатев истакнал:

Да се создаде едно самостојно политичко постоење како единствен македонски народ, слободно да се развива во културно-просветна смисла, да соработува во политички и економски однос со сите други народи во балканските држави, беше заветуван сон, фантазија за секој Македонец. И сега, смело можеме да изјавиме, сметајќи дека го изразуваме мислењето скоро на сите Македонци, дека нема поголемо морално задоволство за Македонците од тоа, македонскиот народ да биде во неразделни културни, политички и еконеомски врски со народите на балканските држави, но истовремено е јасно и за последниот Македонец, за да можемакеоднското население правилно да се развива културно, политички и социјално, потребно е Македонија да се одвои во оделна политичка единица, во оделна држава... Идеалот на Македонецот е создавање на една Татковина, оделна македонска држава, со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот... [47]


Никола Вулиќ, истакнат српски археолог кој долго време работел во Вардарска Македонија одржал предавање во просториите на Српскиот културен клуб во Белград, веднаш потоа ова предавање било објавено во весникот „Време“ под наслов Јужна Србија или Македонија. Основата поента на предавањето било да докаже нема место залагањето на Македонците за употреба на името Македонија како синоним за некаква народност и самобитност, и уште помалку македонското залагање за афирмација на македонскиот јазик.

Тезите на Вулиќ предизвикале бура од негодувања и протести. Меѓу другото, студентското друштво „Вардар“ во Загреб презело иницијатива за спречување на предавањето на Вулиќ во просториите на Пучкото (народно) свеучилиште, со намера Вулиќ да се принуди јавно да дискутира со студентите од Македонија по прашањето за положбата на Македонија и македонскиот народ.[48] По влегувањето на Вулиќ во салата, македонските студентите почнале да негодуваат против неговите погледи во однос на македонскиот народ и Македонија, некои фрлале јајца, други јавно ја истакнале „Бели мугри“, како доказ за постоењето на македонскиот јазик и култура. Публиката во салата создала неподнослива атмосфера која го принудила предавачот да ја напушти салата. Надвор Вулиќ бил пречекан од Кочо Рацин и другите членови кои биле определени да разговараат со него. Професорот бил замолен на мирен разговор за приведените проблеми, Вулиќ прифатил но побарал во разговорот да учествува и професорот Јован Радоњиќ. Средбата се одржала на 3 декември 1939 година во хотелот каде бил сместен Вулиќ. Во разговорите со двајцата професори учествувале: Кочо Рацин, Љупчо Арсов, Георги Василев, Благој Димитров Панко и Тихомир Анчев. На средбата се развила жива дискусија на која, меѓу другото, Рацин истакнал:

... За мене е важно дека оваа земја се викала Македонија и дека извесни народи кои за таа земја оставиле спомен. Ние видовме како ниту Србија ниту Бугарија под Турците не се викале со денешното име, туку со некои општи имиња. Ние сега доаѓаме во време кога тие не се појавуваат кога кај народите се јавува ренесансата. Народот почнува да станува национално свесен. Тогаш настапува времето кога тие историски имиња се извлекуваат од ризницата на историјата. Србите го извлекуваат од својата историја она што го имале некогаш. Тоа истото го прават и Бугарите. Што прават нашите Македонци! Тоа го прават и тие! Во периодот на националната преродба кога доаѓа таканареченото граѓанство свесно за својата положба дека треба да создаде национална држава, тоа настапува под паролата на сплотување на народот, со намера да ја обнови својата некогашна стара држава. Во тоа време од историската ризница извлекуваат тие називи. Кај Србите националното движење се јавува не само во Србија туку и таму каде што можеле слободно да се движат... Тие луѓе го зеле српското име бидејќи видел: ние бевме Срби... Тие луѓе тогаш српското име го обновиле и почнале да го обединуваат својот народ. Тоа е кога се обновуваат тие стари држави извлекувајќи го од својата историска ризница своето старо минато, врз основа на кое можат на другите народи да им кажат дека тие не се тоа што тие го сметаат, туку се тоа Срби, Бугари итн... Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име како и српските и бугарските идеолози. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име. Мислам дека нашето македонско револуционерно движење под Турците го направило истото што го сториле, борејќи се, и Вашите Срби и Бугарите. Во тоа време се формирале овие две први држави и ја имаме нивната пропаганда, дека таа земја е нивна. Факт е дека на нашето знаме е запишано името Македонија. Вие веројатно помисливте дека е тоа влијание на туѓа пропаганда и во тоа е Вашата грешка. По тоа ја имаме борбата на македонскиот народ и борбата на Бугарите и Србите за превласт над оваа земја. Таа борба се водела за копањето на историската тапија. Се работело на тоа да се владее над овој народ. И Србите и Бугарите создадоа цели научни институти да го докажат правото да владеат над нашата земја. Македонците имаат нешто заедничко и со Бугарите и со Србите. Базирајќи се врз тоа, и Вие сте дошле до погрешен резултат. Националната преродба не се врши врз основа на историските натписи, туку дека таа земја е еднаква со другите и по својата етнографска положба и свест што постои кај народот. Што се однесува до економската положба, таа постои како самостојна област. Го имаме Солун како центар на таа земја. Но Вие заостанавте исклучиво на историска почва, барајќи ја фамозната историска тапија...[49]


Види уште[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски
  2. В-к Вечер од 11.07.2008 г. Здружението "Мијачки зограф" предлага УНЕСКО да го заштити македонскиот генетски идентитет.
  3. The Central Balkan Tribes in the pre-Roman times. Triballi, Autariatae, Dardanians, Scordisci and Moesians. Amsterdam Adolf M. Hakkert, 1978, стр. 8-10.
  4. South East Europe History pages - Map showing the languages around the Aegean in 5th century BC.
  5. Fine, John V.A. The Ancient Greeks: A Critical History. Harvard University Press, 1983, ISBN 0-674-03311-6. стр. 605-606.
  6. The Cambridge Ancient History Volume 3, Part 3: The Expansion of the Greek World, Eighth to Sixth Centuries BC by John Boardman and N. G. L. Hammond,1982,ISBN 0-521-23447-6,page 284
  7. South East Europe History pages - Map showing Upper and Lower Macedon and the growth of Macedon in 4th BC.
  8. Lewis, D.M. et al. (ed.), The Cambridge ancient history: The fourth century B.C., Cambridge University Press, 2000, ISBN 0-521-23348-8, pp. 723-724.
  9. Encyclopedia Britannica online - Paeonia.Paeonia
  10. The Oxford Classical Dictionary by Simon Hornblower and Antony Spawforth,ISBN-10: 0198606419,page 1514,"the kingdom of the Odrysae the leading tribe of Thrace extented ver present-day Bulgaria, Turkish Thrace (east of the Hebrus) and Greece between the Hebrus and Strymon except for the coastal strip with its Greek cities"
  11. Град Скопје. „Official portal of City of Skopje - History“. Skopje.gov.mk. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=46. посет. 6 октомври 2009 г. 
  12. Македонска Енциклопедија Македонска Академија на Науките и Уметностите, Скопје 2009, редактор: академик Блаже Ристовски.
  13. Blaže Ristovski - „Macedonia and the Macedonian people“ , SIMAG Holding, 1999, стр. 358.
  14. Историја на македонскиот народ Автор Александар Стојановски, Издател Makedonska kniga, 1988, стр. 52.
  15. Македонски јазик, Томови 40—41, Универзитет во Скопје. Катедра за јужнословенски јазици, Институт за македонски јазик (Скопје, Македонија), 1989, стр. 222-223.
  16. Petlichkovski A, Efinska-Mladenovska O, Trajkov D, Arsov T, Strezova A, Spiroski M (2004). "High-resolution typing of HLA-DRB1 locus in the Macedonian population". Tissue Antigens 64 (4): 486–91. PMID 15361127
  17. Bulgarian Bone Marrow Donors Registry—past and future directions — Asen Zlatev, Milena Ivanova, Snejina Michailova, Anastasia Mihaylova and Elissaveta Naumova, Central Laboratory of Clinical Immunology, University Hospital "Alexandrovska", Sofia, Bulgaria, Journal Cell and Tissue Banking - Springer Netherlands, Published online: 2 June 2007 .
  18. Ann Hum Genet. 2006 Jul;70(Pt 4):459-87. Paternal and maternal lineages in the Balkans show a homogeneous landscape over linguistic barriers, except for the isolated Aromuns. Bosch al.
  19. Stanley M. Burstein, Walter Donlan, Jennifer Tolbert Roberts, and Sarah B. Pomeroy. A Brief History of Ancient Greece: Politics, Society, and Culture. Oxford University Press, p. 255.
  20. Balkan Insight, Ghosts of the Past Endanger Macedonia’s Future by Boris Georgievski, 28 октомври 2009.
  21. За внуците на Аминта, Колумна на Љубчо Георгиевски во неделникот Фокус од 27 март 2009 година.
  22. The Cristian Science Monitor, online edition - 2,300 years later, 'Alexander-mania' grips Macedonia, 20 март, 2009 edition.
  23. Генот не е национално обележје. проф. д-р Мирко Спироски, ВЕСТ, Година: 2 Број:545 Сабота 5/4/2002.
  24. Дневник, 25 април 2009, Напредуваме само во антиката.
  25. „Спомени“, Димитар Влахов
  26. „Историја на Балканот“, Барбара Јелавич
  27. Histoire de la Grèce moderne“, Nikolaos Svoronos
  28. Ulf Brunnbauer, "DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM)", Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Sarajevo, 2003: Državotvorni proces u Makedoniji još je uvijek u relativnoj ranoj fazi, a makedonska historiografija je tek pedesetak godina stara. Неважечки јазичен код.
  29. Д. О. Лабаури, "Берлинский приговор 1878 г. и проблема македонского этноязыкового своеобразия", "Известия Уральского государственного университета", № 49, 2007, Гуманитарные науки, Выпуск 13: На наш взгляд, совершенно логичным выглядит вывод, утвердившийся в болгарской историографии: «С точки зрения исторической закономерности болгары и македонцы имели реальный шанс утвердиться в качестве одной нации… на основе осознания общей этнической принадлежности» [Иванова, 1997]. К счастью или к сожалению, но этот закономерный интеграционный процесс был прерван искусственно в результате вмешательства политического фактора. Первый серьезный удар этому процессу был нанесен поражением Болгарии в Первой мировой войне, когда болгарское население Вардарской Македонии, утеряв не только национально-культурную автономию, но даже и право на собственное национальное имя, на долгие годы оказалось в составе Королевства сербов, хорватов и словенцев и испытало на себе все прелести насильственной сербизации. Второй удар был нанесен уже в рамках титовской Югославии провозглашением пресловутого лозунга «Македонию помакедончить» [Џамбазовски, 1960]. Один из лидеров славяномакедонцев Крсте Мисирков в 1903 г. откровенно признавал: «Самая большая наша беда кроется в том, что нет у нас местного македонского патриотизма… до сих пор мы не жили как отдельная национально-религиозная единица… почва (для ее создания. — Д. Л.) есть, но нет желания (ее создавать. — Д. Л.)» [Мисирков, 1903, 37, 40—41, 97—98]. В середине XX в., как показала история, все поменялось: недостаточная подготовка почвы компенсировалась избытком желания. (руски)
  30. Д. Ташковски, Раћање македонске нације, Београд, 1969
  31. Право, 30 окт. 1870
  32. Македонското прашање - Петко Рачев Славејков
  33. Устав на ТМОРО
  34. Устав на ТМОРО
  35. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
  36. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
  37. Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
  38. Теодосиј Гологанов
  39. Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди
  40. Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди
  41. 41,0 41,1 К.П.Мисирков, „За Македонцките работи“, јубилејно издание, Табернакул, Скопје, 2003. ISBN 9989-937-42-7
  42. Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди
  43. Лазо Т. Киселинчевъ, Тайнописътъ н Внатрешната македонска рев. Организация преди Илинденъ, Ил. Илинденъ, XI/9 (109), София, 1936
  44. Право,I/34,8.07.1895.
  45. А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.
  46. 46,0 46,1 АМ, ПО, мф. 454, пп. бр. 1109, 27.03.1902.
  47. Иван Катарџиев, Македонската национално политичка мисла меѓу двете војни, Култура, 1991
  48. Љупчо Арсов, „Рацин за македонската самобитност“, „Културен живот“, год. XII, бр. 6, Скопје, 1968.
  49. „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Универзитет Кирил и Методиј, Факултет за филозофско-историски науки, Скопје, 1981.