Бугарски воз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бугарски возполитички поим со којшто се означува злоупотреба на правото на гласање со цел да се издејствуваат изборни резултати во сопствена полза.[1] Карактеристично за гласањето со „бугарски воз“ е тоа што едно лице гласа на повеќе гласачки места во корист на својата опција и така создава резултат што не одговара на вистинското расположение во гласачкото тело. Ваквиот поим најчесто се користи делумно на Балканот[2][3][4], а се инспирира од недемократските избори во Бугарија кон крајот на 20. век.[5]

Тек[уреди | уреди извор]

Локомотивата (организаторот) некако зема празно ливче и на него го заокружува редниот број на посакуваната партија. Потоа, ливчето го предава на некој гласач, кој зема празно ливче, истото го става в џеб, а заокруженото го пушта во гласачката кутија. Празното ливче се предава на локомотивата, кој одново го заокружува посакуваниот реден број, па повторно го предава ливчето на некој друг гласач. Постапката продолжува на ист начин понатаму, при што со сигурност се знае дека гласачите ќе „гласаат“ за посакуваната партија.[6]

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Во Бугарија се смета дека овој политички поим е навредлив за земјата и во тој контекст во 2006 година бугарската амбасада во Македонија побарала од политичките партии, невладините организации и медиумите за одредени изборни малверзации повеќе да не го користат овој поим,[7] иако истиот не е измислен во Македонија и не се користи само во Македонија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "An "innovative" vote-buying practice called "Bulgarian train"" (англиски). arirusila.wordpress. October 10, 2010. Посетено на 2011-08-29.
  2. "Sprema se velika izborna krađa?" (босански). Дневни Аваз. Посетено на 2011-08-29.
  3. "Bugarski vlak?!?!" (хрватски). Srijeda, 06 Listopad 2010 21:39. Посетено на 2011-08-29. Check date values in: |date= (help)
  4. "Budimir: "Bugarski vlak" iz Srbije stigao u Mostar, Relota: To je obmana, Čović će ih pozvati na sastanak" (српскохрватски). Srijeda, 06 Oktobar 2010 14:04. Посетено на 2011-08-29. Check date values in: |date= (help)
  5. "Bosnians Name Vote-Buying Technique after Bulgaria" (англиски). September 30, 2010, Thursday. Посетено на 2011-08-29. Check date values in: |date= (help)
  6. "Изборни измами со кинески прстен и бугарски воз!". Вечер. Посетено на 2011-08-29.
  7. Бугарија навредена од „бугарскиот воз“