Бугарски воени гробишта (Цапари)
Воздушен поглед на гробиштата | |
| Податоци | |
|---|---|
| Место | Цапари |
| Земја | |
| Координати | 41°3′25″N 21°10′25″E / 41.05694°N 21.17361°E |
| Тип | воени |
Бугарски воени гробишта во Цапари — воени гробишта во потпелистерското село Цапари подигнати за време на Првата светска војна, кога таму биле погребани 214 бугарски војници и офицери кои загинале во битката на Пелистер.
Гробиштата се наоѓаат северозападно од црквата „Свети Ѓорѓи“, во која пак се наоѓаат седум споменици за закопани бугарски офицери.
Во 2004 година, гробиштата биле обновени со што тие станале првите официјални воени гробишта во Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Гробиштата се наоѓаат северозападно од селската црква „Св. Ѓорѓи“, а дел од спомениците се наоѓаат и во дворот на самата црква и селските гробишта.
Историја
[уреди | уреди извор]Гробиштата биле во урнатини многу години, но биле обновени во 2004 година кога гробиштата станале и првите официјално признати бугарски воени гробишта во Македонија. Седумте споменици на бугарските офицери закопани во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“ се едни од ретките сочувани од илјадници бугарски офицерски споменици на територијата на денешна Македонија.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Гробиштата во 2020 г.
- Гробови на бугарски офицери
- Гроб на бугарски војник
- Надгробна плоча на бугарски војник
- Гроб на бугарски војник
- Гроб на бугарски потпоручник
- Гроб на бугарски војник
- Гробови на бугарски војници
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Editor (2023-11-04). „Владиката Петар служеше панихида за загинатите бугарски војници во Цапари“. Religija. Архивирано од изворникот на 2025-12-14. Посетено на 2026-01-23.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ Маринков, Зоранчо (2 ноември 2019). „В битолското село Цапари беше отдадена почит на загиналите герои от българската армия“. Глас Пресс (бугарски). Посетено на 20 април 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Бугарски воени гробишта (Цапари) на Ризницата ?
| ||||||||||||||||||||||||||||||