Прејди на содржината

Бро (култура)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Подоцна, дел од овие „бро“ од студентските братства придонесуваат за создавањето на бро-културата.

Бро (англиски: Bro) — жаргонски збор што значи „брат“ или „братче“. „Бро“ е позајмено од англискиот јазик и потекнува од зборот „брат“ (англ. brother). Зависно од контекстот во кој се употребува зборот, значењето може да биде различно. Обично човек му се обраќа на друг човек со „бро“ ако е со него во пријателски односи или се однесува кон него добронамерно, како кон свој брат.

Етимологија и историја

[уреди | уреди извор]

„Бро“ — скратен облик на англискиот збор „брат“ (англ. brother), почнало да добива несемејна конотација во XX век.[1] Најпрвин зборот се употребувал кон друго машко лице како истозначник за зборовите guy или fellow. Во 1970-тите години, „бро“ се развило и се употребувало кон друго машко лице што е пријател или другар. Денес зборот најчесто го користат младите луѓе еден кон друг, без разлика на полот, кои се во пријателски односи.

Критики и прикажување во медиумите

[уреди | уреди извор]

Од 2013 г., поимот е прифатен од феминистките и медиумите за да се означи машкошовинистичката култура во рамките на некоја организација или заедница. Во статија за New York Magazine од септември 2013 г., Ен Фридман напишала: „Бро некогаш значеше нешто конкретно: самовљубен млад бел дечко во шорцеви за сурфање со вкус за евтино пиво. Но тој стана скратеница за она привилегирано незнаење што цвета во групи предводени од богати, бели, хетеросексуални мажи“.[2] Vox се осврнала на „проблемот со бро-културата“ во Силиконската Долина во својот осврт на книгата Brotopia од Емили Чанг.[3] Во 2014 и 2017 г., Inc објавила статии за бро-културата во бизнисот.[4][5]

Во своето известување за скандалот телеграмгејт во 2019 г., во кој истражувачките новинари објавиле текстуални пораки напишани од гувернерот на Порторико, The New York Times се осврнал на „арогантната бро-култура на елити што се шегувале за правење будали дури и од сопствените поддржувачи“.[6]

Поимот Берни бро, навредлив израз насочен кон поддржувачите на Берни Сандерс, е критикуван како проста тактика на клеветење што ја користат политичките противници.[7] Поимот бил широко користен затоа што самата концепција за „бро“ била нејасна.

  1. ↑ Martin, Katherine Connor (9 октомври 2013). „The rise of the portmanbro“. Oxford Dictionaries. Архивирано од изворникот на 5 април 2014. Посетено на 5 април 2014. Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help) Архивирано на 7 април 2014 г.
  2. ↑ How Do You Change a Bro-Dominated Culture? Ann Friedman, New York, September 12, 2013
  3. ↑ Johnson, Eric (2018-02-05). „Why Silicon Valley has a bro culture problem – and how to fix it“. Vox. Посетено на 2019-07-24.
  4. ↑ Raymundo, Oscar (25 November 2014). „The 5 Bro-iest Tech Companies to Work For“. Inc.com (англиски).
  5. ↑ O'Donnell, J. T. (14 August 2017). „3 Signs a Company's 'Bro Culture' Is Killing the Business“. Inc.com (англиски).
  6. ↑ Robles, Frances; Rosa, Alejandra (July 22, 2019). „'The People Can't Take It Anymore': Puerto Rico Erupts in a Day of Protests“. The New York Times. Посетено на July 22, 2019.
  7. ↑ Greenwald, Glenn (January 31, 2016). „The "Bernie Bros" Narrative: a Cheap Campaign Tactic Masquerading as Journalism and Social Activism“. The Intercept.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]