Бротероде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бротероде
Градски дел во Бротероде-Трузетал
Инзелбергшанце во Бротероде
Инзелбергшанце во Бротероде
Грб на Бротероде
Бротероде is located in Германија
Бротероде
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Шмалкалден-Мајнинген
Град Бротероде-Трузетал
Основни податоци
Површина 23,81 км2
Надм. височина 595 м
Население 2.750  (31 декември 2010)
 - Густина 115 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SM
Пошт. бр. 98599
Повик. бр. 036840
Координати 50°50′N 10°26′E / 50.833° СГШ; 10.433° ИГД / 50.833; 10.433Координати: 50°50′N 10°26′E / 50.833° СГШ; 10.433° ИГД / 50.833; 10.433

Бротероде (германски: Brotterode) е град и поранешна општина, сместен на Ренштајг во Тирингиската Шума, во округот Шмалкалден-Мајнинген, во Тирингија, средна Германија. Од 1 декември 2011 е дел од градот Бротероде-Трузетал. Се наоѓа 11 километри северно од Шмалкалден и 19 километри југоисточно од Ајзенах.

Историја[уреди | уреди извор]

Новата телекомуникациска кула и старата метеоролошка станица на Гросер Инзелберг.

Бротероде бил прв пат споменат во 1039 под името „Брунувардесрот“ (Brunuwardesrot). Во Средниот век (околу 1360) бил резиденција на фогт. Во 1583 станал посед на Хесен. Пред Втората светска војна бил дел од пруската покраина Хесен-Насау.

Во 1895, „Големиот пожар на Бротероде“ скоро целосно го уништило селото. 729 од 842 градби биле запалени, но селото постепено било повторно изградено во следните години. Во 1936 Бротероде ги добил градските права.

Денес, Бротероде е познат по туризмот, зимските спортови и планинарењето.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

До градот се наоѓа Гросер Инзелберг (Großer Inselsberg), кој со 916,5 метри е една од највисоките планини во Тирингиската Шума.

По него е именувана и скокалницата Инзелбергшанце (Inselbergschanze) со моментален рекорд од 123,5 метри.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Бротероде е збратимен со:

Надворешни врски[уреди | уреди извор]