Прејди на содржината

Брнистра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Spartium junceum (живеалиште)

Брнистра (жука; лат. Spartium junceum; синоним Genista juncea) грмушесто растение од семејството на бобови. Тој е единствениот вид од родот S. junceum, обична брнистра. Може да расте и како мало стебло.

Цвета со жолти цветови, со дијаметар од 1–2 cm во вториот дел од пролетта. Цветовите се многубројни, така што ридовите покриени со брнистера (жука) кога ќе процветаат добиваат убава жолта боја.

Живеалиштето на овој вид е медитеранската област на јужна Европа, југозападна Азија и северозападна Африка.

Брнистра е доста честа во Далмација, а името на градот Сплит, според една теорија, потекнува од грчкото име на ова растение.

По созревањето на семето, ластарите на растението можат слично како и конопот, да се користат за производство на текстилни влакна.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Hrvatska opća enciklopedija, Leksikografski zavod "Miroslav Krleža", Zagreb, 2000. ISBN 953-6036-32-0