Бритомартида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Βριτομαρτις

Бритомартида, (грчки: Βριτομαρτις, Britomartis), е ќерка на богот Зевс и критјанката Карме, која Артемида ја возвишила меѓу боговите.

Бритомартида под различни имиња била почитувана како божица и заштитничка на ловците и рибарите.

Митологија[уреди | уреди извор]

Бритомартида, поради големата љубов спрема неа, ја прогонувал критскиот крал Минос, и кога во една прилика Бритомартида, пред него почнала да бега, се заплеткала во мрежата која на морскиот брег ја распнала божицата на ловот Артемида. Артемида пред тоа ја засакала Бритомартида поради нејзината љубов кон ловот, па ја спасила од судбина на смртна жена и од прогонот на Минос така што ја воздигнала меѓу боговите.

Бритомартида после тоа станала заштитничка на ловците и рибарите, а после била и заштитник на морските брегови и пристаништа. Ја почитувале најмногу на Крит, и тоа под името Диктина, а на островот Егини како Афеја. Под името Бритомартида ја почитувале само на островот Самос.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]