Британски воени гробишта (Скопје)
Британските воени гробишта фотографирани од дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“ | |
| Податоци | |
|---|---|
| Основани | 1918 |
| Место | Скопје |
| Земја | Македонија |
| Координати | 42°0′9.29″N 21°27′24.23″E / 42.0025806°N 21.4567306°E |
| Погребани | 124 |
Британски воени гробишта во Скопје – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат 124 војници на Британската армија од кои најголемиот број починале од грип по објавувањето на прекинот на огнот со Бугарија. Шестмина од погребаните не се идентификувани, а поставени се посебни спомен-обележја во чест на шест војници погребани на германските гробишта во Скопје чии гробови не биле пронајдени.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Воените гробишта се наоѓаат во населбата Автокоманда, веднаш до црквата „Св. Архангел Михаил“ (практично во нејзиниот двор) и студентскиот дом „Стив Наумов“, на 3,5 км од средград.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Скопје било заземено од Бугарите во октомври 1915 година, а француската коњаница го ослободила кон крајот на септември 1918 година. Британските гробишта во Скопje биле создадени по примирјето кога биле собрани погребни останки на британски војници од Британските гробишта во Куманово, Француските воени гробишта во Прилеп, Британските и француските воени гробишта во Велес и други гробишта. Големото мнозинство од погребаните починале од грип по примирјето со Бугарија.[1]
Гробови
[уреди | уреди извор]Во гробиштата се наоѓаат 124 поединечни гробови, од кои 1 на медицинска сестра, како и посебни спомен-обележја во чест на шест војници погребани на германските гробишта во Скопје чии гробови не биле пронајдени.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 „Skopje British Cemetery“. Commonwealth war graves commission. Посетено на 11 септември 2025.
- 1 2 3 „Градинарот од Британските гробишта“. Утрински. Посетено на 11 септември 2025.
| ||||||||||||||||||||||||||||||