Британска традиционална вика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Британската традиционална вика ― термин што се користи, главно во Соединетите Држави, за групирање на викански традиции со потекло од регионот Њу Форест во Англија. Терминот британска традиционалнав вика се користи за дефинирање на изворните традиции и обреди (обично со трага на потомство), за разлика од другите последователни викански облици. Ретко се користи од иницијанти во Обединетото Кралство, бидејќи има помалку алтернативни традиции од кои може да се разликува.

Најистакнатите од овие традиции се Гарднерската вика и Александриската вика, но исто така и други традиции кои тврдат дека имаат заедничка историја од Њу Форест. Овие достигнуваат дури во странство, како Соединетите Држави, со традиции како што е Сентралвелиската вика.

Терминот „вика“ е добро потврден како староанглиски збор за „[машка] вештерка“, а женскиот облик е „wicce“ и двата постари облици на современата англиска „вештерка“.[1] Меѓутоа, во современа употреба, истото навлегло во говорниот лексикон со делата на Џералд Гарднер, со правописот „wica“.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wiktionary:Witch
  2. Gerald Gardner, Witchcraft Today, ISBN 0-8065-2593-2
  3. Gerald Gardner, The Meaning of Witchcraft, ISBN 1-57863-309-5