Прејди на содржината

Брзи и бесни: Хобс и Шо

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Брзи и бесни: Хобс и Шо“
Плакатот на македонски јазик
РежисерДејвид Лич
ПродуцентДвејн Џонсон
Дани Гарсија
Хајрам Гарсија
Џејсон Стејтам
Крис Морган
СценаристКрис Морган
Главни улогиДвејн Џонсон
Џејсон Стејтам
Идрис Елба
Ванеса Кирби
Хелен Мирен
Клиф Кертис
Џош Мауга
Џон Туи
МузикаТајлер Бејтс
КинематографијаЏонатан Села
МонтажаКристофер Роуз
Студио
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера2 август 2019 г. (САД)
1 август 2019 г. (Македонија)
Времетраење137 минути
ЗемјаЈапонија Јапонија
 САД
Јазик
Буџет200 милиони долари
Бруто-заработка760,7 милиони долари
ПретходенБрзи и бесни 8
СледенБрзи и бесни 9

Брзи и бесни: Хобс и Шо (англиски: Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, меѓународно Fast & Furious: Hobbs & Shaw) — американска акциона комедија од 2019 г., режирана од Дејвид Лич, според сценарио и приказна на Крис Морган и Дру Пирс.[1] Тоа е спиноф и деветти долгометражен филм од франшизата „Брзи и бесни“ и спиноф на серијата, чиј заплет се одвива по настаните од филмот „Брзи и бесни 8“ (2017) и пред настаните од „Брзи и бесни 9“ (2021).

Во филмот, Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам ги повторуваат своите улоги од главната серија како Лук Хобс и Декард Шо, додека во главните улоги настапуваат и Идрис Елба, Ванеса Кирби, Еиса Гонсалес, Клиф Кертис и Хелен Мирен. Приказната раскажува за неочекувано здружување на главните ликови, кои заедно со сестрата на Шо се здружуваат за да се спротивстават на кибернетски засилен терорист што му се заканува на светот со смртоносен вирус.

Премиерата на филмот во САД била на 2 август 2019 г., а во Македонија на 1 август истата година.[2][3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Група агенти на МИ-6, предводени од Хети Шо, се обидуваат да украдат биохемиско оружје наречено „Снегулка“ (англ. Snowflake), способно да уништи речиси 50 % од човечкото население (според зборовите на Брикстон, вирусот ќе ги убие само „слабите“ за потребите на организацијата Етеон). Киборг-војникот Брикстон Лор им подготвува заседа и ги убива сите. Обидувајќи се да го сокрие вирусот, Хети го инјектира во себе и исчезнува.

Специјалниот агент Лук Хобс и платеникот Декард Шо, постариот брат на Хети, добиваат информации за кражбата на вирусот и се принудени да соработуваат. Декард се упатува кон домот на својата сестра, додека Лук успева прв да ја најде. Лук ја придружува Хети до базата на ЦРА во Лондон, која веднаш потоа ја напаѓа Брикстон и ја грабнува Хети. Хобс и Декард ја спасуваат и бегаат. Тројцата заминуваат кон фабриката на Етеон во Чернобил, каде што се наоѓа уред за екстракција на вирусот. По успешното крадење на уредот, тие ја уништуваат базата, но при бегството го оштетуваат уредот. Лук предлага да заминат на Самоа, неговото родно место.

По пристигнувањето на Самоа, браќата на Лук го пречекуваат ладно, бидејќи пред многу години тој го предал нивниот татко. Лук го моли најстариот брат, Џона Хобс, да го поправи уредот, но тој одбива и сака да ги избрка. Единствено мајката на семејството, која искрено се радува што го гледа Лук, ги убедува сите да помогнат. Џона го поправува оштетениот екстрактор и започнува да го вади вирусот од телото на Хети — постапката треба да трае 30 минути.

На островот пристигнуваат платениците на Етеон, предводени од Брикстон. По долга борба меѓу наемниците и семејството Хобс, киборг-војникот ја грабнува Хети, која била онесвестена од експлозија, и ја носи кон вртолет. Лук и Декард го соборуваат вртолетот и се соочуваат со Брикстон. Киборг-војникот е поразен, а Етеон го исклучува од системот за животна поддршка.

Во одделни сцени по финалето: Лук ја запознава својата ќерка со мајка му и браќата на Самоа; Хети и Декард ја посетуваат нивната мајка во затвор и ѝ носат торта, во која има сокриено предмет за бегство... Во првата сцена по одјавната шпица, агентот Лок, партнерот на Хобс, влегува во престрелка и му се јавува на Хобс, известувајќи го за нов вирус.

Во втората сцена по одјавната шпица, Хобс, додека е во теретана, му се јавува на Декард Шо, наводно „за муабет“, но всушност сака да слушне како полицијата упаѓа во пабот кај Декард за да го уапсат.

Третата сцена по одјавната шпица е продолжение на првата. Лок почнува да паничи дека крвави, но брзо сфаќа дека тоа е крвта на наемниците што ги убил.

Глумец Улога
Двејн Џонсон Лук Хобс
Џејсон Стејтам Декард Шо
Идрис Елба Брикстон Лор
Ванеса Кирби Хети Шо
Еиса Гонсалес Мадам М
Еди Марсан професор Андрејко
Хелен Мирен Магдален Шо
Роман Рејнс Матео Хобс
Лори Пеленис Туисано Сефина Хобс
Рајан Рејнолдс агент Виктор Лок
Кевин Харт Динкли
Клиф Кертис Џона Хобс
Елијана Суа Сем Хобс
Џош Мауга Тимо Хобс
Џон Туи Кал Хобс
  1. „Fast & Furious: Hobbs & Shaw“. Британска класификација на филмски одбор.
  2. „Брзи и бесни: Хобс и Шо | 3д кино Битола“. www.facebook.com. Посетено на 2025-04-22.
  3. D'Alessandro, Anthony (May 9, 2018). 'Fast & Furious' Spinoff With Dwayne Johnson & Jason Statham Shifts To August 2019 – Update“. Deadline. Архивирано од изворникот 14 мај 2018. Посетено на 15 мај 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]