Прејди на содржината

Брза железница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брзи возови на Кинеската железница на железничката станица Пекинг Чаојанг; Кина ја има најразвиената мрежа на брзи железници во светот.

Брза железница (англиски: High-speed rail, HSR) — вид железничка превозна мрежа што користи возови што се движат значително побрзо од традиционалните, користејќи вграден систем од специјализиран железнички возен парк и посветени пруги. Иако не постои единствена определба или стандард што се применува насекаде низ светот, линиите изградени за брзини од најмалку 250 км/ч или надградените линии со брзина од најмалку 200 км/ч обично се сметаат за брзи.[1][2][3]

Македонија има планови за воведување на брзи возови.[4]

Брзите возови најчесто сообраќаат на пруги со стандарден колосек со непрекинато заварени шини, на посебни траси без вкрстувања на исто ниво и со големи полупречници на кривините. Меѓутоа, одредени региони со пошироки постоечки пруги, вклучувајќи ги Русија и Узбекистан, се обиделе да развијат мрежа на брза железница со руски колосек. Не постојат брзи железници со тесен колосек. Земјите чија постоечка мрежа е целосно или претежно со различен колосек од 1435 мм — вклучувајќи ги Јапонија и Шпанија — честопати избирале да ги градат своите брзи линии со стандарден колосек наместо со постоечкиот.

  1. Leboeuf, Michel (May 2018). „HIGH SPEED RAIL - FAST TRACK TO SUSTAINABLE MOBILITY“ (PDF). INTERNATIONAL UNION OF RAILWAYS.
  2. „High-speed rail | Definition, History, Technology, Development, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). 2025-01-17. Посетено на 2025-01-19.
  3. „Glossary:High-speed rail“. ec.europa.eu (англиски). Посетено на 2025-01-19.
  4. „Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?“. 2025-05-14. Посетено на 2025-06-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]