Брејнрот

Брејнрот (англиски: brain rot, brainrot, дословно — „гниење / гниење на мозокот“) — разговорно име за интернет-содржина со низок квалитет или вредност, често вклучувајќи ја и содржината создадена од вештачка интелигенција. Овој поим се користи и за прекумерна употреба на дигитални медиуми, што може да доведе до намалување на когнитивните функции, вклучувајќи намалено внимание и душевни нарушувања.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Поимот за првпат е употребен на интернет уште во 2004 г., а до 2023 г. станал популарен и се претворил во интернет-мем. Во 2024 г., австралиската политичарка Фатима Пејман дошла на насловните страници откако вклучила младински жаргон во јавен говор во Сенатот. Говорот, напишан од помладата соработничка Езра Исма, некои го нарекле пример за „расипување на мозокот“ надвор од онлајн светот.[2]
Употреба
[уреди | уреди извор]Поимот „брејнрот“ (brainrot) често го користат критичарите на цифрените навики на младинците, тврдејќи дека адолесцентите се прекумерно потопени во интернет-културата. Обично, овој поим се поврзува со речникот на една личност што се состои исклучиво од мрежен жаргон.[3]
Поимов често се поврзува со жаргонот и трендовите популарни меѓу децата и младинците, како што се „скибиди“ (поврзано со Skibidi Toilet), „риз“ (скратено од „харизма“), „гуфи ааа“ („смотан, несмасен“), „гјат“ (поврзано со задник) и „сигма“ (се однесува на водач или сигма-мажјак).[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Staff, Newport Institute (2024-01-10). „Brain Rot: The Impact on Young Adult Mental Health“. Newport Institute (англиски). Архивирано од изворникот 2024-05-24. Посетено на 2024-10-29.
- ↑ Weedston, Lindsey (2024-09-13). „Fatima Payman Gen Z Slang Speech Declared 'Brainrot'“. The Daily Dot (англиски). Архивирано од изворникот 2024-11-19. Посетено на 2024-10-29. Text "speech/" ignored (help); Text "speech/" ignored (help)
- ↑ Jessica Roy (2024-06-13). „If You Know What 'Brainrot' Means, You Might Already Have It“. The New York Times. Архивирано од изворникот 2024-10-10. Посетено на 2024-10-29.
- ↑ „Parents and Gen Alpha kids are having unintelligible convos because of 'brainrot' language“. NBC News (англиски). 2024-08-10. Архивирано од изворникот 2024-09-21. Посетено на 2024-10-29.