Брест (Кукушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Брест (Кукуш))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брест
Ακρολίμνιο
Брест is located in Грција
Брест
Брест
Координати: 41°13′N 22°47′E / 41.217° СГШ; 22.783° ИГД / 41.217; 22.783Координати: 41°13′N 22°47′E / 41.217° СГШ; 22.783° ИГД / 41.217; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000173000000173 м
Население
 • Вкупнораселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Брест (грчки: Ακρολίμνιο, Акролимнио, до 1927 Μπρες, Брес)[1] — поранешно село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на 38 километри северно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓало на надморска височина од 173 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Брест се состоело од 15 семејства со 14 жители муслимани и 27 Македонци[2][3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Брест имало 40 жители Турци и 60 Македонци[2][4].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 48 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5].

Во текот на Втората Балканска војна, селото настрадало а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 139 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 137 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било прекрстено во Акролимнио.[7]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 81 жител бегалец.[8]. По овој период започнал период на целосно напуштање на селото од страна на неговите жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ακρολίμνιο
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 69. 
  7. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928