Брестовачко Езеро
Брестовачко Езеро, Бојничко Езеро, Бубличко Езеро или Магашко Езеро — различни имиња за вештачка акумулација во село Брестовац, оддалечено 12 километри западно од Бојник, во подножјето на планината Радан, на 312 метри надморска височина.[1] Настанало кон крајот на 70-тите од минатиот век со преградување на реката Пуста во нејзиниот горен тек. Служи за водоснабдување на Бојник и Дољевац.[2]
Долго е 2,8 километри, широко 500 метри, најголема длабочина му е 28,[3] а просечна длабочина му е 12 метри. Неговата површина е околу 80 хектари. Брегот на езерото се состои од неколку полуострови, еден 'рт и два заливи.[1]
Богат е со разновидни риби: сом, крап, амур, клен, штука, карас, платика, црвеноперка, белица и платика,[4] и затоа е погоден за риболов во текот на целата година, а во лето го посетуваат голем број капачи.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]- Источните падини на планината Радан.
- Друга страна на браната.
- Езеро.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Јабланички округ: Језера, Приступљено 30. 1. 2013.
- ↑ УСР Нишава: Брестовачко језеро, Приступљено 30. 1. 2013.
- 1 2 Југмедија: Спрема се уређење Брестовачког језера, 10. 9. 2012. Архивирано на 15 септември 2012 г., Приступљено 30. 1. 2013.
- ↑ Град Лесковац: Брестовачка језеро богатије за 1.000 килограма млађи, 26. 1. 2012.[мртва врска][мртва врска], Приступљено 30. 1. 2013.
Литература
[уреди | уреди извор]- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)