Брен (4 век п.н.е.)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брен прикажан на биста.

Брен (Brennus или Brennos) бил поглавица на галското племе Сенони. Тој ги поразил Римјаните во Битката кај Алија (18 јули 390 година п.н.е.). Во 387 п.н.е. тој ја предводел војската на Кисалпска Галија при нападот на Рим и го освоил поголемиот дел од градот, што го држел неколку месеци. Бреновата окупација на Рим била единствена за време од 800 години кога градот бил окупиран од страна на не-Римска војска, пред освојувањето на градот од страна на Готите во 410 година од нашата ера.

Освојувањето на Рим[уреди | уреди извор]

„Брен и неговиот дел од пленот", Пол Жамен, 1893 година.

Во Битката на Алија, Брен ги поразил Римјаните, и влегол во самиот град. Сеноните го заробиле целиот град Рим освен Капитол, кој успешно се бранел. Според легендата Марк Манлиј Капитолин бил предупреден за галскиот напад од страна на светите гуски  на Јунона. Откако виделе дека градот им е опустошен, Римјаните се обиделе да ја откупат својата слобода од Бре, и се согласиле да платат илјада фунти во злато.

Поразот и смртта[уреди | уреди извор]

Една верзија на приказната вели дека расправијата околу тоа какви тегови да користат при мерење на златото се оддолжила, така што истераниот диктатор Марко Фуриј Камил имал време да собере војска, да се врати во Рим и да ги протера Галите,  со што го спасил градот, а на Брен му рекол: "Non auro, sed ferro, recuperanda est patria", што се преведува како „не со злато, туку со железо народот ќе се обнови". Според Плутарх, по почетните борби на улиците во Рим, Галите биле истерани од градот, а потоа поразени осум километри надвор од градот, на патот кон Габи.[1] 

Ливиј вели дека Сеноните при опсадата на Капитол биле погодени од болест и на тој начин биле ослабени за време на преговорите за откуп на Рим. Се смета дека таа болест била дизентерија, која заедно со други санитарни проблеми убила голем број на војници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John S. White, Plutarch's Lives, Biblo and Tannen, New York, 1966, p.124

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]