Брезничка Река
Брезничка Река | |
---|---|
Други имиња | Туфча |
Слив | |
Главен извор | Горно Брезничко Езеро, Пирин 2.587 м 41°41′01″ N; 23°31′09″ E / 41.6836° N; 23.5192° E |
Устие | Места, кај с. Балдево, Општина Грмен 524 м 41°37′25″ N; 23°45′15″ E / 41.6236° N; 23.7542° EКоординати: 41°37′25″ N; 23°45′15″ E / 41.6236° N; 23.7542° E |
Течение | Места→ Егејско Море |
Сливна повр. | 123 км2 |
Физички особености | |
Должина | 27 км |
Проток |
|
Брезничка Река (бугарски: Брезнишка река) или Туфча — река во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 27 км.[1]
Реката извира од Горното Брезничко Езеро (на 2.587 м.н.в.) во Брезничкиот Цирк на Пирин. Најпрвин тече на југоисток, прави голем лак испакнат кон југ, свртува на североисток и стасува до с. Брезница. Во овој дел долината ѝ е длабока и добро пошумена. По селото свртува на југоисток и навлегува во долина со обесшумени и соголени страни. Се влева во десниот брег на Места, на 524 м.н.в., 1 км западно од селото Балдево.
Сливот зафаќа површина од 123 км2, што претставува 3,57 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки: → лева, ← десна
- ← Јанколица
- → Мишовска Река (Мишово Дере)
- → Глоговица
- → Речиште
- ← Глобоштица
- ← Маревска Река (најголема)
Средниот годишен истек кај с. Брезница изнесува 1,42 м3/с. Најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември.
Селото Брезница во Општина Неврокоп (Г. Делчев) е единственото населено место по течението на реката.
Мал дел од водите на реката во нејзиното долно течение се користат за наводнување.
Карти[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 65.