Брезник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брезник
Брезник
Брезник
Mестоположба
Општи податоци
Име
- официјално
Брезник
  Брезник
Управа
Географија
Површина 23,48 km²
Надморска височина 756 m
Население
Население 4.200 (2007)

Брезник (бугарски: Брезник) — град во Република Бугарија во западниот дел на земјата, седиште на истоимената општина Брезник во Перничката област.

Положба[уреди | уреди извор]

Брезник се наоѓа во западниот дел на Бугарија. Од главниот град Софија е оддалечен 45 км западно, а градот Перник е оддалечен е само 20 км северно.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Областа Брезник се наоѓа во центарот на Брезничкото поле, на околу 760 метри м.н.в. Над градот се крева планината Голо брдо. Крајот околу градот се вика Граово.

Клима[уреди | уреди извор]

Поради значителната надморска висина килмата во Брезник е поостар облик на континентална клима со планински влијанија.

Вода[уреди | уреди извор]

Низ Брезник и околината протекуваат повеќе помали потоци.

Историја[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според проценките од 2010 година во Брезник живееле околу 4.200 жители. Поголемиот број на градското население се Бугари. Остатокот се најчесто Роми. Последните децении жители се иселуваат од градот заради оддалеченоста од главните случувања во земјата. Поголемиот дел од населението е православно.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]