Бреза (филм од 1967)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бреза — југословенски филм од 1967 година, во режија на Анте Бабаја, кој е автор на сценариото, заедно со Божидар Виолиќ, засновано врз новелата на Славко Колар. Главните улоги ги толкуваат: Манца Кошир, Велимир Бата Живоиновиќ, Фабијан Шоваговиќ, Нела Ержишник, Стане Север, Мартин Сагнер, Драго Бахун, Хермина Пипиниќ и Ангел Палашев. „Бреза“ е вториот игран филм на Анте Бабаја, а во сите анкети се вбројува меѓу најдобрите хрватски филмови. Директор на фотографијата е Томислав Пинтер, а автор на музиката е Анѓелко Клобучар. На Пулскиот филмски фестивал, филмот ја освоил „Бронзената арена“, додека Пинтер и Живојиновиќ биле наградени со „Златна арена“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Убавата селска девојка Марица (ја игра Кошир) се мажи за шумарот Марко (го игра Живојиновиќ), кој е познат како селски заводник. И по свадбата, тој продолжува со своите љубовни авантури, а деновите ги минува во меаните. Кога Јаница се разболува, семејството на Марко одбива да повикаат лекар и набргу таа умира. Домашните се собираат крај неа и слават, се шегуваат, пијат и пеат весели песни, а само селскиот чудак (го игра Шоваговиќ) жали по неа и ги осудува присутните. Утредента, на патот до гробиштата и за време на погребот, Марко се сеќава на својот живот со Јаница: запознавањето со неа, свадбата, смртта на нивното бебе, грубиот однос на неговите родители кон неа итн. Истовремено, селскиот чудак се сеќава на својата голема љубов кон Марица, а по погребот, на нејзиниот гроб тој ја остава дрвената фигура на ангел која ја направил според нејзиниот лик. По погребот, утредента Марко заминува на свадба каде ја игра улогата на бајрактар. Вечерта, за време на свадбената прослава, тој се обидува да заведе една жена, но нејзиниот сопруг си неговите пријатели го претепуваат Марко. На патот кон дома, пијаниот Марко здогледува млада бреза, ја прегрнува и почнува да плаче, зашто таа го потсетува на мртвата сопруга, која отсекогаш ја споредувал со бреза.

Наводи[уреди | уреди извор]