Брежичка тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брежичка тврдина
Grad Brežice
Schloss Rann
GradBrezice3.JPG
Општи податоци
Град Брежице
Земја Словенија


Брежичка тврдина — тврдина во градот Брежице, во Словенија. Тврдината била изградена во текот на 16 век. Претходно, на негово место постоела тврдина која датирала од 1249 година, време кога градот бил административен и економски центар на епископија на Салцбург.

Во 1479 година, на ова подрачјесе водела војната помеѓу царот Фредерик III и унгарскиот крал Матија Корвин. За време на големата словенска селанска буна од 1515 година, замокот бил опожарен. Во 1528 година, тој уште еднаш била опожарен. Поради почестите напади на Османлиската империја, Хабсбуршкиот крал Фердинанд одобрил 3000 флоринти во 1529 година за обнова на палатата. Помеѓу 1530 и 1551, објектот бил целосно реновиран.

Во средината на 17 век, замокот бил во властништво на хрватските грофови од династија Франкопан. По смртта на Јулијана Франкопан во 1694 година, нејзините наследници ја продасле на Игнат Марија Атемс, кога ентериерот бил значително променет.

Галерија[уреди | уреди извор]