Брег на Принцот Олав
Брег на Принцот Олав (норвешки: Kronprins Olav Kyst, англиски: Prince Olav Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот. Се наоѓа помеѓу источниот пристап кон заливот Лицов-Холм, обележан со брежниот агол 40° ИГД и ледникот Шинан (44° 38' ИГД).
Откриен е од капетанот Јалмар Рисер-Ларсен во јануари 1930 г. со авионски прелет од бродот „Норвегија“ и наречен по идниот крал Олав V.[1] На запад од него се наоѓа Брегот на Принцот Харалд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Брег на Принцот Олав, Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) Invalid |mode=Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Citation mode“. (help) (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
68°30′S 42°30′E / 68.500°S 42.500°E
|