Брегенцвалд

Координати: 47°15′56″N 9°52′48″E / 47.26556° СГШ; 9.88000° ИГД / 47.26556; 9.88000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Брегенцвалд
Bregenzwald
Дамилсер Митагшпице, 2.095 м
Највисока точка
ВрвГлатхорн
Надм. височина2134 м
Географија
ЗемјиАвстрија
ПокраинаПредарлска
Координати47°15′56″N 9°52′48″E / 47.26556° СГШ; 9.88000° ИГД / 47.26556; 9.88000
Матичен венецСеверни Варовнички Алпи

Брегенцвалд (германски: Bregenzerwald, во превод Брегенцова Шума) – една од главните области во сојузната покраина Предарлска, Австрија. Таа се преклопува, но не се поклопува со Брегенцвалдовите Планини кои се кои се дел од Северните Варовнички Алпи, особено во северната зона на флиш. Тоа е сливниот басен на реката Брегенцер Ах

Географија[уреди | уреди извор]

Жителите Брегенцвалд го делат на два главни дела, Фордервалд (Долна Шума) и Хинтервалд (Горна Шума). Фордервалд, со своите брда и ниски планини, е најблиска до Рајнската Долина. Хинтервалд има повисоки планини со надморски височини до 2.000 метра. Двете области имаат своја сопствена дијалектна варијанта.

Села[уреди | уреди извор]

Општини во Брегенцвалд

Главните села во Брегенцвалд се Безау (главно место), Албершвенде и Ег. Албершвенде како историски „хофштајгопштина не бил дел од областа на Брегенцвалд.

Долен Брегенцвалд (Фордерер Брегенцвалд) (црвено)

  1. Албершвенде
  2. Дорен
  3. Сулцберг
  4. Лангенег
  5. Крумбах
  6. Рифенсберг
  7. Лингенау
  8. Хитисау
  9. Зибратсгфел

Горен Брегенцвалд (Хинтерер Брегенцвалд) (сино)

  1. Ег
  2. Анделсбух
  3. Шварценберг
  4. Безау
  5. Ројте
  6. Бизау
  7. Мелау
  8. Шнепфау
  9. Ау
  10. Дамилс
  11. Шопернау
  12. Шрекен
  13. Варт

Култура[уреди | уреди извор]

Дијалект[уреди | уреди извор]

До 1814 година, делови од Алгој на север и на северозапад му припаѓале на Предарлска. Ова и фактот дека во целата област заради населувањето на Алеманите, преовладувал алеманскиот дијалект од езерото Констанца од 5/6 век, што во текот на вековите довело не само до брза трговија на добра, но исто така до лингвистичко мешање заради проширениот круг на бракови. Особено во северозападниот дел на Брегенцвалд ( Фордервалд или "Долна Шума ") влијанието на алгојскиот е особено забележливо, дијалект кој силно наликува на западниот алгојски дијалект. Спротивно, во областа на Средна и Горна Шума, предоминантната јазична форма покажува посилна врска со областа Хофштајг и Дорнбирн.

Економија[уреди | уреди извор]

Сирењарница во Брегенцвалд

Населението на Брегенцвалд заработува за живот од туризмот, земјоделието и трговијата која е силно поврзана со индустријата за преработка на дрво. Многу месни жители работат во Рајнската Долина, економскиот центар на Предарлска.

Во пролетта 2011 година, на австриската список на кандидати за признавање на културно наследство од страна на УНЕСКО беше вклучена земјоделска структура на три нивоа на Брегенцвалд, позната и како алпска трансхуманција. Предлогот истакнува дека Брегенцвалд е „импресивен пејзаж на северната страна на Алпите“, кој „во голема мера ја задржа својата традиционална земјоделска структура“. Ова вклучува села, карактеристични за регионот, со фарми од XVIII и XIX век. Покрај тоа, постојат многу мали занаетчиски работилници во рамките фармерската заедница. Особено се истакнуваат селата Тал, Шварценберг и Шопернау, со нивните добри примери на оригинални брегенцвалдови куќи.[1]

Туризам[уреди | уреди извор]

Брегенцвалд е најпознат како локација за скијање, но други атракции вклучуваат „Кезештрасе“ и фестивал на класична музика во Шварценберг „Шубертијада“.Брегенцвалд ги привлекува оние кои бараат недопрена природа, стари традиции и вистинско гостопримство.

The Bregenz Forest is particularly well known amongst gourmets for the "KäseStrasse Bregenzerwald",[2] an association of farmers, restaurateurs, craftspeople and traders promoting the Bregenz Forest agriculture and its local products, especially (but not exclusively) cheese. In particular, Bregenz Forest Mountain Cheese ("Bregenzerwälder Bergkäse") is an internationally renowned speciality.

Брегенцвалд е особено познат меѓу сладокусците по „Кезештрасе Брегенцвалд (KäseStrasse Bregenzerwald])[3], здружение на земјоделци, ресторани, занаетчии и трговци кои го промовираат земјоделството на Брегенцвалд и неговите локални производи, особено (но не и исклучиво) сирењето. Брегенцвалдовото планинско сирење („Bregenzerwälder Bergkäse“) е меѓународно признат специјалитет.

Друга атракција во регионот е Брегенцвалдовата железница, колоквијално „Велдербанле“ (Wälderbähnle). Таа е музејска железничка пруга која работи на преостанатиот дел од теснолиниска железничката пруга. Од 1902 до 1983 година, Велдербанле работел како линија која се протегала на 35,5 километри, од Брегенц до Безау. Во октомври 2004 година, дел од 6,1 километри можел да се користи, но дел бил изгубен за проектот за проширување на патот, оставајќи само 5 километри на располагање.

Во 2000 година во Хитисау бил отворен Музеј на жената, единствен од таков вид во Австрија.[4] Музејот ги прикажува и документира културните дела и нивните приказни на жените, обработувајќи ги прашањата на женскиот идентитет и половите улоги.[5]

Друг музеј во Брегенцвалд е Музејот на Ангелика Кауфман [6] во Шварценберг. Музејот ѝ е посветен на барокната артистка Ангелика Кауфман.

Областа е исто така позната по своите патеки за планинарење и велосипедизам како и бројните скијачки подрачја.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]