Брајсгау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Aerial view of Breisgau.

Брајсгау е име на едно подрачје во југозападна Германија, сместен помеѓу реката Рајна и подножјето на Шварцвалд околу Фрајбург во Брајсгау во државата Баден-Виртемберг. Областа Брајсгау-Хохшварцвалд, која делумно се состои од Брајсгау, е именувана по тоа подрачје. Делови од Брајсгау, исто така, се сместени во политичките области Фрајбург во Брајсгау и Емендинген.

Историја[уреди | уреди извор]

Грбот на династијата Церингени

Во минатото Брајсгау бил познат Брајзахгау, што означувало грофовија околу градот Брајзах, на источниот брег на Рајна.

Најраните историски потврдени жители биле Келтите. Во римско време, подрачјето било дел од провинцијата Германија супериор. Но, по распадот на лимес Германикус во 260 година, подрачјето било населено од Алеманите. Тоа останало дел од Алеманија во текот на мрачниот среден век и било тампон-зона помеѓу централните алемански земјишта и Алзас, кој бил многу помалку колонизиран од Алеманите.

Во средината на 9-от век беше погранично подрачје чувајќи ја границата со јужна Лотарингија и Алзас. Во 859, тоа беше доделено на Карло Трети Дебелиот, синот на кралот Лудвиг Први Германски, знак за неговата важност. Во десеттиот век, грофовите биле од семејството Церингени. Брајсгау го формирал централниот дел од Војводството Церинген во 12-от век. Војводите го основале Фрајбург, кој станал нивниот главен град.

Грбот на Австрија (Фордеравстрија)

Од 13/14-от век сè до 1797 година, подрачјето е дел на Форланде, територија во југозападна Германија управувана од австриските Хабсбурзи, но Брајсгау, заедно со остатокот од Форланде, беше отстапен на поранешниот војвода од Модена, поврзано како компензација за неговата загуба на неговите наследни земјишта во француската Цисалпинска република. Во 1805, со Пресбуршки договор (сегашна Братислава), подрачјето било отстапено на Големото Војводство Баден.

Граници и површина[уреди | уреди извор]

Брајсгау ги вклучува: низинската површина околу реката Рајна, подножјето на Шварцвалд и западните падини на планините Шварцвалд и ридовите Кајзерштул.

На југ, Брајсгау се граничи со Маркгрефлерланд, на запад со Зундгау (Алзас, Франција), на исток со Шварцвалд и на север со Ортенау.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Брајсгау е топла; всушност, тоа е најтоплиот регион во Германија. Просечната годишна температура е 11 Целзиусови степени, просечна количина на врнежи е 900 мм.

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Брајсгау е познат по неговото вино и исто така се користи за овошни насади и жито.

Места во Брајсгау[уреди | уреди извор]

Најголем град во регионот Брајсгау е Фрајбург. Други познати места се: Бад Кроцинген, Штауфен, Брајзах, Ендинген, Кенцинген, Нојенбург и Емендинген.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]